27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFord ја затвори својата фабрика во Генк

Ford ја затвори својата фабрика во Генк

belgija ford

Од производната лента во фабриката во Генк слезе и последниот автомобил пред официјалното затворање на оваа фабрика.

„Ford“ уште во 2012-та година соопшти дека поради намалување на трошоците и реорганизација на работењето во Европа ќе ја затвори фабриката во Генк.

До престанувањето на производството дојде на крајот на декември 2014-та, поради што во белгискиот град беше направен последниот „Ford Galaxy“.

За половина век произведени се околу 14 милиони возила, а во последните години во овој погон покрај моделот „Galaxy“ се изработуваа и „Mondeo“ и „S-MAX“.

belgija ford1

Во фабриката беа вработени околу 4.000 работници, но се проценува дека поради гасење на производството ќе бидат загрозени повеќе работни места во регионот.

Студијата која ја објави белгискиот Универзитет во Хаселт покажува дека без работа ќе останат и до 11.800 работници чија работа е поврзана со изработката на возилата на „Ford“ во Генк.

Во меѓувреме, производството на нови модели е преселено во Шпанија, во Валенсија, каде се составува и најновата генерација на „Ford Mondeo“.

Последниот направен автомобил, на кој се потпишаа работниците во фабриката, ќе биде продаден, а парите ќе бидат наменети за добротворни цели.

belgija ford2

„Сето ова за нас се уште не е реално. Мислам дека отрезнувањето ќе пристигне по празниците“, вели 60-годишниот Руди Бејс кој бил вработен во фабриката на „Ford“.

По завршувањето на последната смена, работниците заминале дома, а „Ford“ ќе задржи неколку стотини работници во наредните месеци да помогнат околку демонтажа на опремата.

Во Белгија моментално постојат две фабрики во кои се произведуваат автомобили, на „Audi“ во Брисел и на компанијата „Volvo Cars“ во Гент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП