2 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 29.12.2014

Дневен хороскоп 29.12.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Утрината ви е резервирана за некакви финансиски муабети, активности или дела, во зависност од тоа дали ви е тоа работа или се во прашање некакви приватни работи. Всушност, ваквите тенденции можат да ви се провлечат и целиот ден да го поминете во пресметување пари за други а не за себе, а попладнето ќе си овозможите дружба или мал шопинг, за свое срце и расположение.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес можете да имате одлични и храбри решенија кои ќе ви донесат корист или пак ќе се манифестираат во некоја финансиска корист од нешта што сте ги започнале или завршиле од неодамна. Значи можности за некаква исплата, пари и се околу нив во бенефитна конотација. Имате голем прилив на енергија на комуникациски план кој ве чини бестрашни, храбри, насочете ја таа сила кон позитивни нешта.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате неколку идеи, неколку различни понуди, но главно сите се поврзани за работата во која прекрасно се снаоѓате. Последната четвртина на Месечината која сеуште се чувствува во Девица делува на вашата креативност на најдобар начин. Имате на кого да се потпрете и кого да прашате. Се што работите ќе ви донесе некој конкретен резултат дури и ако малку се сомневате дека е можно работата која сакате да ја работите да ви донесе добар профит.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Некакви социјални прилики, драми или пријатели ќе се обидат да ви ја намалат енергијата и веројатноста да успеат е голема, но можностите се такви така што лесно можете и вие да бидете тие што ќе предизвикате некаков мал скандал, расправија со пријател, или некакво ненадејно и брзо завршување на некои работи кои ги работите подолг рок. Можеби и некакви неповолности или опасности ќе бидат врзани за пријатели, кои можат да се случат ненадејно во утринските часови.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Вашата финансиска ситуација веќе подолго време е лоша, но тоа не значи дека треба да паѓате во депресија. Соберете се и размислете како да заработите повеќе пари. Тоа е сто пати подобро отколку да се самосожалувате. Освтварете некои контакти со лица кои одамна не сте ги виделе и закажете состанок за идна соработка која за вас ќе биде повеќе од профитабилна.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Одлични дневни перформанси во смисла на работата, на помагање на другите, контакти со личности кои на некој начин зависат од вас, ви се наклонети или имаат некаква потреба од ваша услуга, особено ако тоа ви е занимање. Како и да е, може да имате многу причини за веселост и расположеност поради остварувањата во денот, многу благодарност од другите кон вас, а и голема можност за добар профит.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Со нагласеност на знаците Вага, Шкорпија и Стрелец окупирани сте со прашања кои се однесуваат на вашата репутација и веројатно ќе имате прилика да разговарате со оние кои можат да ви помогнат да ја постигнете посакуваната цел. Имате потреба да се вратите на голема врата во некоја работа кога би имале почести контакти со лицата на високо ниво или со странци. Имате чувство дека се наоѓате на раскрсница.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Полека се подготвувате за нови и поризични потфати. Само храбро и ќе имате успех. Ви се допаѓа некој со кој работите на деловен план, односно ви се допаѓаат неговите идеи и замисли за во иднина. Ништо нема да се смени доколку не покажете повеќе храброст. Внимавајте на финансиите, секој денар е важен.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Брзи, подвижни, насекаде ве има, никнувате одненадеж, секогаш потребни и секогаш тука. Многу ентузијазам, завршување на работите бргу и експедитивно, ненормален број на контакти, посебно со помлади. Денес и во следните неколку дена ќе ве држи засилен ентузијазам и волја за заработување или постигнување некаков успех на финансиски план кој не е исклучен, напротив.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денеска ќе имате ненадејни финансиски проблеми. Веројатно некој деловен проект кој требало да ви донесе профит, ќе отиде во сосема друга насока. Ако сакате да ја поправите оваа ситуација, ќе мора да ризикувате и да ловите во матно. Побарате совет од најблиските, особено од некој Бик, тие знаат како да дејствуваат со пари, размислете разумно и пробајте да се извлечете.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

На полето на кариерата не сте решиле се, но може да очекувате поволни вести во врска со нешто од порано. Малку се смиривте и сега можете на правилен начин да ги разгледате сите работни можности. Иако сте незадоволни од работата, не брзајте. Ќе ве израдува повикот на некој поранешен партнер. Во овој период ќе имате недостаток на пари и тоа ќе го зголемува вашето незадоволство.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Се се случува ненадејно, непланирано. Познанствата, сојузите, размените на искуствата. Уште кога би можеле да не се нервирате. Тензијата станува составен дел од комуникацијата со околината. Затоа се можни препреки придружни со расправии. Пожелно е да се контролирате. Вашата комуникација со околината е важна за понатамошните бизнис партнерства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП