19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToshiba планира проширување на производството

Toshiba планира проширување на производството

toshibakjpfvi9uer09guti

Јапонската компанија „Toshiba“ планира во наредната година да ги прошири производствените капацитети за полупроводничките чипови.

Само четири месеци откако ја отворија последната фабрика во Јапонија, побарувачката за NAND мемориските модули е толкава што тие размислуваат за отворање на уште производствени погони.

Челникот на компанијата, Хисао Танака, најави дека во „Toshiba“ сериозно размислуваат за проширување на производството и надвор од Јапонија, наведувајќи го како пример „Samsung“ кој има фабрики и во Кина и во САД.

Сите опции и понатака се отворени, како во странство така и во Јапонија, а планот е новата фабрика, без оглед каде ќе се наоѓа, да започне со производство на почетокот на 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП