2 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 27.12.2014

Дневен хороскоп 27.12.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денешниот ден за вас е прекрасен, едноставно исполнет со среќа и љубов. Приредете му на партнерот некакво изненадување, уживајте во опкружувањето со пријателите и бидете заедно со семејството. Многу поволен ден за оние кои веќе се во врска, но и оние кои не се може да очекуваат нешто сериозно. Работните обврски може да почекаат за некој друг ден.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Партнерот сака да му посветите малку внимание. Не штедете се во таа смисла. Потребно е да внесете ведрина и позитивна енергија. Возвратената љубов ќе ви биде доволна за издржување на обврските во текот на денот. Успеавте да заштедите некој денар и тоа е за пофалба, продолжете така. Здравствената состојба е солидна, можно е да се појави мала настинка.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Иако оставате впечаток на самокритично лице сепак не ги прифаќате советите од другите. Не сте подготвени да бидете реални во согледувањето на проблемот поради кој можеби сте пропуштиле некоја голема шанса да водите разговор за нешто што на долг рок би било во ваша корист. На некој му е многу важно да се сретне со вас, можно е да станува збор за некој Лав или Шкорпија.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Одлично ќе го поминете целиот ден, ќе си ги исполните обврските и во попладневните часови опуштено ќе уживате во друштво на семејството и пријателите. Ќе бидете во центарот на вниманието и ќе успеете да ги насмеете дури и оние кои се тажни. Вашата позитивна енергија ќе ја почувствува секој.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Вашите пријатели не ве разбираат и ќе ви се спротивстават на идеите и плановите. Натажени ќе бидете од тоа што тие ќе се спротивстават на вашите необични идеи, но можеби само не сакаат да размислуваат на начин на кој вие го правите тоа. Ако чувствувате дека се е во ред, направете чекор напред и остварете ги своите планови.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Најверојатно ќе ја обновите соработката со еден Рак. Верувате дека ќе ве прифати некој со кој во минатото сте работеле но сте имале одредени недоразбирања и потешкотии. Добро се согласувате со оние кои се амбициозни и имаат многу нови идеи и очекувате дека тие ќе ве подржат. Денес ќе разговарате за финансиската ситуација или за зголемување на приходите.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Напорен ден за вас ако по секоја цена сакате да направите нешто што ги надминува вашите финансиски способности. Ако се занимавате со научни истражувања, денес ќе доживеете голем успех. Се трудите да им бидете од корист на оние кои сметаат на вас. Во рамките на семејството сте премногу дарежливи и подготвени да го направите она што сите го очекуваат од вас.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Финансиските трошоци ќе ве потсетат да ја продолжите работата која сте ја започнале. Надворешните прблеми не се толку тешки за да ве спречат во постигнувањето на вашите цели. Но сепак сметајте на намалена концентрација. Одлично ќе се разбирате со колегите и претпоставените. Во љубовните врски односите се заоструваа.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во текот на денот ќе можете да ги прилагодувате своите планови според туѓите, но завршете го денот со нешто што вие навистина го сакате. Ќе се најдете во ситуација во која ќе биде потребна итна реакција за решавање на одреден проблем. За среќа, вашето спонтано однесување ќе ве насочи кон вистинската насока.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Бидете повнимателни со одлуките на љубовен план, бидејќи можно е да гледате на случувањата со розови очила. Хармонично ќе комуницирате со секого, дури и со лицата со терсене карактери, бидејќи со леснотија ќе ја бркате тензијата и ќе создавате услови за непречени дискусии. Ќе заведувате со шармантно изразување и попрефинети гестикулации.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Еден од напорните денови за вас и за амбициозните претставници од овој знак кој можат да добијат прилика да се смират со некој поранешен соработник. Може да станува збор за лице кои сеуште има обврски кон вас но се однесува како тоа да не е воопшто важно. Со добра тактика ќе постигнете многу повеќе.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Работите не се одвиваат онака како што сакате. Попладневните часови носат извесна сигурност или некој нов поттик за работа. Не правете еуфорија од обични ситници. Ќе биде потребно да се смирите и повторно да размислите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП