2 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 26.12.2014

Дневен хороскоп 26.12.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе имате доста енергија, па ќе ви користи движење и дружење со луѓе. Сентименталните односи ви нудат многу задоволство. Ќе откриете некоја тајна која тешко ќе ја погоди вашата психичка состојба и ќе имате потреба од време за да се справите со тоа, земете некој слободен ден и одморете се.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ако до крајот на денот успеете да го задржите позитивното чуство со кое сте се разбудиле утрово, денешниот ден ќе ви донесе добри прилики и уживање. Обидете се со нешто што сеуште не сте го направиле, а од секогаш сте го посакувале. Денес закажете средба со пријателите и поминете си убаво.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Во текот на денот ќе имате прилика да ја поправите вашата финансиска ситуација, но не ги зголемувајте трошоците.Сите преостанати пари кои не сте ги потрошиле тргајте ги на страна, доаѓаат периоди во кои ќе ви бидат потребни. Некоја среќна вест ќе стави огромна насмевка на вашето лице.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Вашата комуникативност ќе биде причината за новонастанатите или подобро новоиницираните работни задачи или проекти во вашата фирма. Пофалбите ќе ги добите доколку темелно ги проанализирате и објасните вашите ставови, а колегите тоа го прифатат. На љубовен план без некои посебни збиднувања.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Навистина среќен ден за претставниците родени во втората декада, бидејќи ќе сретнат сродна душа со која што ќе споделат незаборавни моменти, а оние кои се во брак ќе воспостават хармонија со семејството. Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Интензитетот на вашите општествени и љубовни активности ќе опадне. Ќе бидете склони кон повлекување и размислување за некоја цврста и стабилна љубовна врска во која наоѓате разбирање и длабоки емоции. Ќе ве измачуваат и некои недоверби во врска со вашите способности, а во тоа многу ќе ви помогне личноста која ве сака.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес на вашата среќа и нема крај. Ова е исклучително среќен ден за вас и во него ќе ги слушнете и искусите сите нешта кои ги посакувате и се надевате на нив. Не ги набљудувајте од страна, учествувајте во прекрасните моменти кои ќе ви се случат. Некои блиски лица јавно ќе ви покажат колку им значите.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Имагинацијата ви е зголемена, низ главата постојано ви се мотаат нови идеи. Сето тоа е прекрасно, но сепак постојат работи кои можат да ви одмогнат. Внимавајте на лицата околу вас, некој не е искрен во неговите разговори. Очекувајте прекрасно изненадување од блиските лица.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имајте трпение и доверба во себе и во вашиот партнер. Работите кои се случуваат се малку поголема промена во животот, но сепак тие нешта ве водат кон подобра ситуација, како од финансиски аспект, така и од приватен аспект. Дадете му ја вашата подршка на партнерот бидејќи тоа му е неопходно. Претстои период во кој финансиски ќе зајакнете.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Емоционалниот живот ви е пријатен и хармоничен. Ќе имате многу добар контакт и одлично ќе се разбирате со партнерот. Можеби ќе се појави некој проблем на работното место, но сепак вие нема да го сфатите толку сериозно. Некоја личност која во минатото не била праведна кон вас, ќе побара средба и можност за нови почетоци.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Проблемите кои ве измачуваа досега за вас ќе бидат минато, а сето тоа е благодарение на позитивната енергја која ќе владее во вас. Конечно трезвено размисливте дека не е се така црно како што на вас ви изгледа. Поминете го слободното време во друштво со пријателите и семејството.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ве измачува тежината на работата која ја работите, но подобрувањето на финансиската ситуацја ќе ве смири комплетно. Размислете малку околу инвстициите и враќањето на долговите. Ова е среќен ден за вас, поминете го во друштво на вашиот партнер и уживајте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП