22 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗQuattroporte и Ghibli зa заработка, Alfieri зa престиж (фото)

Quattroporte и Ghibli зa заработка, Alfieri зa престиж (фото)

mas pro

Зa разлика од двете луксузни лимузини, чија задача беше да се зголеми продажбата на автомобилите на „Maserati“, улогата на новото спортско купе е да го сочува имиџот на компанијата, како екслузивен премиум производител.

„Maserati“ од јануари заклучно со септември продаде преку 26.000 автомобили пред се благодарејќи на пазарниот „бум“ на новата генерација на моделот „Quattroporte“ и целосно новиот модел – „Ghibli“.

Кога на овие две возила наскоро ќе се приклучи кросоверот „Levante“, „Maserati“ ќе продолжи да граби со крупни чекори кон својата цел, а тоа е до 2018-та на купувачите да им испорача 75.000 возила.

mas pro1

Иако многумина сметаат дека масовното производство ќе го загрози имиџот на „Maserati“, како компанија позната по ексклузивните модели кои се произведуваат во мали серии, италијанскиот производител има стратегија со која може да се спротивстави на таквите тврдења.

Адутот на „Maserati“ се нарекува „Alfieri“ (по еден од петте браќа кои ја основале компанијата) и ќе се појави во продажба во 2016-та.

Продукциската верзија на овој автомобил нема многу да се разликува од истоимениот концепт кој е претставен на авто-саемот во Женева во 2014-та.

mas pro2

За разлика од двете споменати лимузини, „Maserati Alfieri“ ќе се изработува во мала серија, со што ќе се задржи ексклузивитетот, а на пазарот ќе се спротивстави на моделите, како што е „Jaguar F-Type“, „Mercedes AMG GT“ и „Porsche 911“.

Во план е, по купето, во 2017-та година да се појави и кабриолет со платнен покрив.

„Alfieri“ ќе биде поставен на скратената платформа која се користи во „Quattrroporte“ и „Ghibli“, a основниот модел ќе има турбо „V8“ мотор со најмалку 400 ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП