3 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 25.12.2014

Дневен хороскоп 25.12.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Станувате многу поодговорни и подготвени да се држите до договорите, или барем верувате во тоа. Повеќе ништо не оставајте на случајноста, и не им дозволувајте на другите да управуваат со вашата кариера. Трудете се да бидете фер кон сите, но заработката нека ви биде на прво место.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе имате многу работа, а покрај тоа ќе треба да задоволите и дел од желбите на вашите најблиски. Проценете ја ситуацијата. Ако е навистина важно, сторете го тоа веднаш, а ако не е, ноншалантно одбијте ги. Сега имате поважни приоритети.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Работата ви оди релативно добро, финансиската ситуација е подобрена, додека во емотивниот живот ви се случија некои значајни, но и позитивни промени. Затоа не бидете неблагодарни и уживајте во она што го имате. Ако ви се случи да заглавите во некој проблем, немојте да се мачите, туку побарајте стручна помош.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ја завршивте работата навреме, па сега заслужувате награда. Денеска почестете се со тоа што ќе изберете што сакате да работите. Дозволете си се што ќе ви падне напамет, зашто и онака пред вас е период што по многу нешта ќе биде успешен. Не грижете се за здравјето на некоја блиска личност, следи период во кој многу нешта ќе бидат позитивно завршени.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Искористете ги моменталните поволности, кои нема да траат уште долго, посебно кога станува збор за вашата кариера и напредок. Ви препорачуваме поголемо внимание во донесувањето на важните одлуки, кои би можеле да имаат релативно долготрајно влијание врз вас. Послушајте ги советите од пријателите.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Немојте денеска да влегувате во вербална расправија со вашиот шеф или претпоставен без оглед на тоа колку сте во право. Посебно не правете го тоа пред очите на колегите. Кога ќе сфатите дека правдата не победува секогаш повеќе нема да сакате да дискутирате. По напорниот работен ден во вашиот дом овозможете си пристојна релаксација.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Вашата жилавост и енергичност ќе ве направат незапирливи денес. Не ја прикривајте својата страст, дури и кога гледате дека преовладува во разговорите. Ќе можете одлично да се изразувате и тоа ќе ви донесе почит од другите. Не заборавајте и да влезете во улогата на слушател, затоа што на таков начин ќе си создадете сојузници.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ова не е ден кога можете да настојувате се да биде по ваше. Добро оценувајте ги ситуациите и повлекувајте се чекор наназад кога ќе почувствувате дека нервирате некого. Не заборавајте на вашиот партнер. Можно е тој да се почувствува запоставен и да покаже непријатни знаци на љубомора.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можна е помала расправија со пријател. И се допаѓате на личност што не е за вас. Не впуштајте се во врска само за да не бидете сами. На емотивен план се ближи лош период. Можеби е подобро да се свртите кон кариерата.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе ви недостига мотивација да останете на бирото до крајот на работното време. Иако вие сте по принцип трудољубиви и вредни, денес ќе бидете мрзеливи и склони да ги правите работите колку да бидат направени, без притоа да внимавате на квалитетот на сработеното.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Во последно време некако помалку ви се работи, повеќе уживате и лесно ги трошите парите без да размислите. Ве очекуваат финансиски потешкотии. Подобро е да се откажете на време. Со партнерот подобро се разбирате. Имате поддршка и внимание кое денес ќе ви биде особено потребно.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе почувствувате страшна потреба за трошење пари, така што ќе купувате разновидни ситници од кои воопшто немате потреба. Партнерот ќе ви забележи на однесувањето, но вие тврдоглаво ќе си терате по свое. Ќе имате одличен работен ден, а и вечерта нема да биде лоша. Веројатно, ќе излезете и ќе се забавувате со друштвото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП