21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗШто е поважно за вас: дизајнот на автомобилот или потрошувачката? (фото)

Што е поважно за вас: дизајнот на автомобилот или потрошувачката? (фото)

japonsko alto

„Suzuki“ го претстави новиот „Alto“, кој е наменет исклучиво за купувачите на домашниот, јапонскиот пазар. И додека овој автомобил веројатно не би ве привлекол со својот дизајн, податокот за неговата просечна потрошувачка која изнесува помалку од 3 l/100 km би можела да има влијание да го промените мислењето.

„Suzuki Alto“ припаѓа во класата на мали градски автомобили кои јапонската компанија главно ги произведува за потребите на купувачите во оваа земја и не треба да се споредува со моделот со исто име кој се продава во Европа.

Покрај својот коцкаст дизајн, ваквите модели се многу популарни во Јапонија затоа што се економични и практични за возење во градовите со тесни улици и мало место за паркирање.

japonsko alto1

Моделот на „Suzuki“ е поставен на новата платформа, па „Alto“ е полесен од претходната верзија за 60-тина килограми. Автомобилот има меѓуосовинско растојание од 2.460 mm и може да превезе 4 возрасни лица.

Компанијата се пофали дека новиот „Alto“ е најекономичниот модел на јапонскиот пазар, ако не се сметаат електричните и хибридните автомобили. Според фабричките податоци, возилото просечно троши само 2.7 литри бензин на 100 km.

japonsko alto2

„Alto“ има атмосферски трицилиндарски мотор со зафатнина од 660 cc, a во понудата е и верзија со турбо-полнач. Моторот е поврзан со петбрзински мануелен менувач или со менувач со континуално-променлив систем пренос.

Купувачите на располагање ќе имаат верзии со преден и погон на сите четири тркала.

japonsko alto3

Една од причините зашто „Alto“ троши толку малку гориво е масата од само 610 kg, колку што тежи основниот модел со мануелен менувач и погон на предните тркала.

Основната верзија во Јапонија чини 847.800 јени (oколу 5.775 eвра). Вака ниската цена на автомобилот и малата потрошувачка, веројатно ќе привлече купувачи и на европскиот пазар, но дали и неговиот необичен изглед.

Дали при купувањето на возило ќе се согласите дизајнот да го ставите во втор план, ако автомобилот би бил значително поевтин и поекономичен од конкуренцијата?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП