19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCoca Cola отвора фабрика во Газа

Coca Cola отвора фабрика во Газа

coca-cola-gaza-strip.si

Изградбата на првата фабрика на „Coca Cola“ во појасот Газа започна, потврди израелската војска која го надгледува влезот на опремата за изградба на фабрика во палестинската енклава.

Вкупните трошоци за изградба на фабриката, која ќе биде сместена во индустриската зона на Газа, Карми, ќе изнесува 20 милиони долари, а проценките се дека ќе бидат вработени 1.000 работници и дека ќе започне со работа во 2015 година, јавуваат израелските медиуми.

Зад овој проект стојат палестинските претприемачи Муниб ал Масри и Захи Кури, кој е инаку претседател на палестинската компанија „National Beverage Company“ и кој веќе ја води фабриката на „Coca-Cola“ на Западниот Брег.

Израелската војна единица „COGAT“, како посредник меѓу палестинските власти и израелската влада, на почетокот на оваа година ја одобри изградбата на фабриката „Coca-Cola“ во појасот Газа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП