2 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 23.12.2014

Дневен хороскоп 23.12.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Контактите со странство се од голема важност и ви се отвараат врати за нови комбинации и работи. Постои можност за патување или пак посета од далеку. Не ги доверувајте вашите тајни на секого.Постои можност за мала финансиска грешка, внимавајте.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе сфатите дека можете да имате многу поголема корист ако се воздржите од глупавите коментари кои на некого му одат на нерви. Една Вага или Шкорпија ќе ве предомислат во намерата да инвестирате во некое ваше хоби. Овој период е одличен за вашето време да го поминете во големо друштво.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Вашите амбиции се насочени како кон успехот така и кон друштвениот живот, но парите ви создаваат проблеми. Се трудите на најдобар начин да заштедите некој денар, но тоа не се случува. Имате одлична соработка со еден Бик и приватна и деловна и внимавајте да не ја нарушите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Со задоволство ги трошите парите но не правите реални планови во што да ги вложите. Денес финансиите ќе ви бидат најважни. Внимавајте на големите трошоци што си ги создавате, скратете некој од нив. Некоја Вага ќе побара стручна помош од вас.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ова би можел да биде стресен ден, особено ако сте родени во јули а имате големи амбиции. Можно е да се наоѓате растргнати помеѓу желбите и реалноста. Она што за вас во моментов е најдобро е да не бидете премногу упорни во докажувањето на правдата и не се надмудрувајте. Очекувајте повик од една Вага во врска со нова работа.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Имате потреба да направите нешто за себеси лично и малку да бидете себични за другите. Некои Близнаци можат да ве искористат за некои финансии. Имате доверба во партнерот и ги слушате неговите совети. Бидете повеќе толерантни со тврдоглавите лица и со претпоставените.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Трудете се да најдете вистински и проверени деловни партнери кои би можеле да ви обезбедат материјална безбедност. Постои некоја неизвесност и несигурност, затоа немојте да инсистирате за нешто што всушност не ви одговара. Ситуацијата е слична на вчерашната, некои грешки може да бидат повторени. Ќе добиете чуден повик кој сериозно ќе ве замисли.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Сакате да направите нешто но некој ве спречува. Вашиот партнер ве води во погрешна насока, постои можност за кавга со семејството. Размислете реално, дали некој заслужил лошо да се однесувате со него. Туѓата среќа треба да биде и ваша, научете го тоа.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Многу сте активни во деловниот свет, но не дозволувате тоа да влијае на вашиот социјален живот. Можни се моменти на зголемена нервоза. Покажувате голем интерес за соработката со некоја Риба, Вага или Рак.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Активен ден во кој ќе ги преземете сите обврски и проекти, ќе го соберете тимот на разговор и ќе ги поставите вашите цели пред сите. Ќе имате проблеми со оние кои пасивно ќе работат. Денот поминете го без кавги бидејќи вие ќе го извлечете подебелиот крај. Некоја вест од странство ќе ви ги наруши плановите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Многу убаво ќе се чувствувате. Настојувајте што подобро да ги искористите поволните аспекти. Дружете се со луѓето, бидејќи тоа ве освежува и ви дава сила. Енергетски ќе се чуствувате добро и само малку работи ќе ве заморуваат. За сите кавги во семејството вие ќе пронајдете одлично решение.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе бидете разочарани од една ваша блиска личност. Бидете потрпеливи и внимавајте како настапувате. Не ги запоставувајте работно-финансиските проблеми, бидејќи можат да се зголемат. Сентиметалните односи ви се одлични ве очекува ден исполнет со љубов и разбирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП