7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir Asia купува 55 авиони од Airbus

Air Asia купува 55 авиони од Airbus

asia_2427356b

Компанијата „Air Asia X“, филијала на истоимениот малезиски авиопревозник, ја потврди нарачката на 55 авиони од типот „А330neo“ од францускиот производител „Airbus“.

Вкупната каталошка цена на нарачката изнесува 15 милијарди долари.

Како што пренесува францускиот весник Капитал, оваа потврда следеше по протоколарниот договор за купување на 50 вакви авиони за време на саемот за аеронаутика во Фарнборо (Велика Британија) во јули оваа година, со дополнителни пет авиони.

Испораката на нарачаните авиони ќе започне во 2018 година, прецизираше „Airbus“ во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП