3 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 22.12.2014

Дневен хороскоп 22.12.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Би било добро да се потрудите со партнерот да пронајдете заеднички јазик за некои важни прашања кои се однесуваат на организацијата на вашиот живот. Ќе имате можност да се сретнете со некоја Вага или Бик и можно е заедничко излегување. Ако сте во долга врска или во брак, големо влијание на вашиот партнер има еден Рак.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес и во следните неколку дена имате мотиви и енергија да започнете со реализација на планови и идеи кои ги имате доста долго во умот и чија реализација секако ќе ви предизвика доста задоволства и среќа. Имате енергија и успешноста е правопропорционална со мотивите кои ве туркаат напред.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Успешната тимска соработка, внатрешната хармонија, но и со околината носат пријатен и успешен ден. Бидејќи среќата ве следи на љубовен план, не оптоварувајте се со ситници, туку обидете се да се олабавите и да уживате. И покрај се, не ви е лесно, бидејќи се наоѓате во фаза на важни животни промени и одлуки.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе добиете повик од некој Бик, некој друг Рак или Шкорпија да се сретнете негде на некој поголем формален собир. Некој се грижи да ја освои вашата доверба, можно да е личност повозрасна од вас. Ако планирате заеднички живот со партнерот, многумина ќе се противат на вашата одлука, особено ако сте многу млади.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Она за што сонувате би можело да се случи, особено во врска со некој страствен знак како Шкорпија или Јарец. Можна е тајна врска со некој кој го среќавате во деловните кругови или ако имате намера некаде заедно да патувате. Средновечните Лавови можат да се надеваат на додворување од страна на некоја влијателна личност.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денот е како создаден за тајна љубов. Ќе бидете подготвени кога љубовта е во прашање и доколку имате тајна симпатија ќе најдете време да се сретнете со неа. Оние кои се подолг период во врска или во брак ќе имаат впечаток дека претерано се жртвуваат за партнерот или дека во се им попуштаат.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Идеализмот и оптимизмот се клучни нешта за впуштање во некоја активност. Од извесна ситуација очекувате премногу, пред се, промена во секојдневното живеење, бидејќи ви е смачено нештата да ви се одвиваат на спонтан и монотон начин. Сметате дека заслужувате повеќе, а и во право сте. Штедете пари, доаѓаат лоши периоди.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Транзитот на Меркур во Стрелец ве прави подготвени за нови работи. Верувате дека можете да се навикнете на новите услови за работа и во тоа ќе ви помогне една Девица, Стрелец или некој со кој правите планови на подолг рок. Бидете реални, бидејќи најверојатно се работи за работа која ќе биде краткорочна, но сепак ќе ви донесе заработка.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе бидете во ситуација во која ќе се двоумите околу нешто или некого. Треба да се одлучите за една варијанта и притоа нешто да изгубите. Сакате целосно да успеете во тоа, што е невозможно. Се тешите со помислата дека за што и да се одлучите, нема да изгубите, а и мала промена нема да ви наштети. Имате неочекувани случки.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Очигледни се промашувањата на емотивен план како последица на погрешни процени, но затоа периодот ви е поволен за уметност. Доколку она што ви задава проблеми на материјален план го пренасочите на духовен и на филозофски план, ќе постигнете рамнотежа и ќе бидете задоволни. Инспирацијата ви е нагласена, па не дозволувајте да остане неискористена.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Разменувајте идеи со лице од женски пол. Ви се укажува одлична можност за патување. Бидејќи сте материјалистички настроени, пресметајте како ќе профитирате од тоа. Не грижете се, ќе успеете, иако ви се случува често да инвестирате во погрешни лица и работи. Нервозни сте поради преокупираноста на партнерот со работа. Помалку озборувајте.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Прилично сте тврдоглави и не сакате да попуштите на барањата на еден Рак, Шкорпија или Јарец. Уверени сте дека ќе успеете да убедите некоја личност која ви е драга дека треба да го превземе вашиот став за некои важни прашања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП