17 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 18.12.2014

Дневен хороскоп 18.12.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Размислувате за зголемување на вашата материјална ситуација. Во текот на денот ќе ви се укаже прилика за наоѓање на нов извор на финасии, но вам нема да ви бидат потполно јасни условите кои ви се нудат. Побарајте совет од вашиот партнер.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес вие ќе бидете главното лице за забава на работното место, ќе ги насмеете дури и најнамќорестите колеги. Денот ќе ви биде исполнет со смеа и изненадувања, работните обврски ќе ги извршувате брзо и дури ќе можете и порано да го напуштите работното место. Во семејството исто така ќе владее хармонија. Ве очекува изненадување кое ќе ви го промени животот.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Многу лесно им верувате на приказните кои ви ги раскажуваат лицата околу вас. Внимавајте некој во вашата околина не ви мисли добро. Проблемот кој ќе ви го направи може сериозно да ве растажи. Организирајте семејно дружење, опуштете се и уживајте, имате потреба од тоа. Подарете му го на партнерот вашето внимание кое многу му недостасува.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Не ви недостига прилика за забава, а позитивните настани на емотивен план ќе ве поттикнат да се соочите со внатрешните стравови. Денот е одличен за започнување на нешто ново. Верувајте во вашата среќа и искористете ја секоја прилика за истакнување и развој на вашата креативност.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Имате премногу очекувања од некое лице кое всушност ништо не ви ветило. Ќе бидете разочарани од семејните проблеми, но брзо ќе ги решите. Не ги откривајте вашите најинтимни тајни пред пријателите, нема да бидете подржани од никој. Сакате забава и разонода, оставете го тоа за некој поповолен период.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Завршете ги важните работи, разговори и состаноци. Ќе бидете многу уверливи и успешно ќе се залагате за сопствените идеи. Храбро ќе влегувате во полемики, дури и кавги од кои ќе излегувате како победник. Ситуацијата во љубовта е нестабилна.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ова е доста весел ден за повеќето припадници на овој знак. Ќе бидете во прекрасна форма, доста од времето ќе поминете во друштво со вашите пријатели. Убав ден и за заљубените кои би можеле да доживеат совршена хармонија во односите со личноста која ја сакаат. Ќе имате изразена потреба за луѓето да ве сакаат, а тоа и ќе го доживеете.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и се обидувате да најдете најдобар можен начин да се вклучите во работата која за вас може да биде многу профитабилна. Имате проблем со некои Близнаци и не можете да најдете заеднички јазик со некоја Водолија. Трепението ќе ви биде повеќе од потребно.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Премногу сте упорни иако помалку сте и несигурни и се обидувате на сите можни начини да му го наметнете на некој Бик вашиот план за заеднички проект. Бидете малку трпеливи во контактите со борбените знаци, особено со Бикот. Добро се чувствувате во друштво на лице кое е подеднакво амбициозно како и вие.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Во следниот период можно е заминување во странство, посета на некој важен семинар и дружба со деловни лица. Искористете ги поволностите. Инвестирајте ги парите, но претходно размислете во што, како и колку од тие пари ќе ви се вратат. Од финансиски аспект настапува поволен период во кој успешно ќе ги покривате сите ваши месечни трошоци.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Имате недоразбирања со околината и сето тоа е така поради вашата преголема слобода во постапките. Размислете на кого му наштетувате со несоодветното однесување. Во следниот период постои можност да преминете на некој друг проект кој можеби нема да ви носи толку приходи но сепак ќе биде посигурен.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Сакате да ги испланирате целиот живот однапред но тоа не е можно, тоа ве прави нервозни и напнати. Погледнете на животот од некој друг агол, не можете сите ситуации однапред да ги изрежирате и да гарантирате дека по одреден редослед ќе се случат, мора да постои нешто што ќе се појави ненадејно и ќе го сруши планот. Променете го начинот на размислување и заштитете се од нервозите и тагата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП