Oграничена серија од само шест примероци од специјалниот „Aston Martin Vanquish“, беше претставена по повод 60-годишнината од постоењето на компанијата „Aston Martin Works“.
Моделот е изработен со помош на одделението во „Aston Martin“ за пресонализација „Q“, a секој од шестте примероци ќе биде персонализиран за индивидуалните потребни на секој купувач.
Автомобилот е со бел екстериер, „Anniversary Yellow“ детали, двобојни алуминиумски тркала, црни кожни седишта, жолти шевови, елементи од јаглеродни влакна, посебни прагови…
„Aston Martin Works 60th anniversary Vanquish“ ќе користи 6.0-литарски „V12“ мотор со 423 kW/575KS и 630 Nm вртежен момент, во комбинавија со осумстепен автоматик. Забрзувањето до „стотка“ трае 3.6 секунди, а најголемата брзина е 321 km/h.