3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazda CX-5 и Mazda6 зa 2015-та. Што е ново? (фото)

Mazda CX-5 и Mazda6 зa 2015-та. Што е ново? (фото)

mz-11

По светската премиера на саемот во Лос Анџелес, „Mazda CX-5“ и „Mazda6“ зa 2015-та ќе бидат претставени и на европската публика. Покрај малите естетски интервенции, двата редизајнирани модели се опремени со електрична рачна сопирачка, додека „Mazda6“ во караван верзија со 2.2-литарскиот дизел мотор ќе биде достапна и со погон 4×4.

Што се однесува до дизајнот, „Mazda CX-5“ зa 2015-та има модифицирана маска на ладилникот и преобликувани фарови.

Стилските разлики меѓу актуелната „Mazdа6“ и редизајнираниот модел се минимални и може да се забележат само ако внимателно се споредат фотографиите на двата автомобили.

mz-22

На моделот за 2015-та променета е решетката на ладилникот, додека хромираната рамка на маската е малку поширока во однос на верзијата од 2012-та. Преобликувани се и фаровите и предниот браник, како и светлата за магла.

Двата модели ќе бидат опремени со нови адаптивни фарови кои се состојат со 4 независно контролирани „LED“ светлосни извори. Со цел да се избегне заслепување на другите возачи на отворен пат, системот по потреба автоматски го исклучува долгото „LED“ светло, додека останатите три остануваат вклучени.

Покрај тоа, новите фарови покриваат поширок простор пред автомобилот.

mz-33

Подобрените модели ќе бидат опремени и со новите системи за активна безбедност. Така системот кој детектира други возила во мртвиот агол е дополнет со техонологија која го предупредува возачот на возилото во мртвиот агол позади, кога автомобилот се движи наназад.

Системот за предупредување за напуштање на сообраќајната лента сега има и дополнителна функција која автомотски го корегира управувачот и спречува автомобилот да излезе од рамките на лентата по која се движи.

За прв пат „Mazda“ своите модели ги опреми со „Driver Attention Alerts“ (DAA) технологија која ја следи состојбата на возачот и доколку забележи промени во неговото однесување, го предупредува со сигнал и го советува да направи пауза.

mz-44

Системот за автоматско сопирање во градско возење кое спречува судар при минимална брзина сега е дополнет со функција и за возење наназад.

„Mazda“ работеше и на ергономијата во ентериерот. Оние кои имаа забелешка на големата рачка за рачната сопирача ќе се издрадуваат со вестта дека јапонскиот производител двата модели ги има опремено со елетрична паркинг сопирачка која се активира со помош на копче.

Во енетериерот се извршени стилски и функционални промени, пред се на централната конзола каде се редизајнирани командите на клима уредот.

mz-55

„Mazda6“ има и нов 7 инчен екран за мултимедијалниот систем кој е дизајниран како таблет и поставен на врвот на командната табла, додека кај „Mazdа CX-5“ е задржана старата конфигурација на диспелјот.

Од „Mazda“ тврдат дека е подобрен системот за суспензија и изолацијата од бучава во кабината, па така на патниците им е овозможено поудбно и комфорно возење.

mz-66

Понудата на моделот „Mazde6“ караван е проширена со дизел веријата „SKYACTIV-D 2.2“ со погон на сите тркала, додека на купувачите на „Mazdа CX-5“ во Европа од 2015-та ќе им биде достапен и моделот со „SKYACTIV-G 2.5“ бензински мотор и „i-ELOOP“ системот за регенерација на енергијата на сопирање.

„Mazda CX-5“ и „Mazda6“ зa 2015-та ќе имаат европска премиера на саемот за автомобили во Женева во почетокот на март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП