18 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 17.12.2014

Дневен хороскоп 17.12.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Или ќе добиете дополнителни приходи или ќе направите добра соработка, која подоцна ќе ви донесе дополнителни приходи. И двете варијанти се еднакво добри за вас, но добро e да не заборавите до каде е границата за да бидете спокојни.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ве очекува еден спокоен ден. Обидете се да уживате во бавното темпо и можноста да се занимавате со работни и приватни обврски без притоа никој да ви се меша. Може да не напреднете многу, но сепак ќе постигнете внатрешен мир. Некое изненадување ќе донесе насмевка на вашето лице.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Дека сте храбри и активни тоа е јасно, но денес тоа нема да биде доволно. Ќе ви треба уште флексибилност и дипломатија. Без оглед какви проблеми ќе настанат бидете подготвени да ги решите со компромиси и ветување. Не се потпирајте само на себе, ќе ви биде потребна дополнителна подршка.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Се околу вас ќе биде изненадувачки и ќе поттикнува прашања без точен одговор. Всушност, одговор има, но вие размислувате премногу идеалистички и одбивате да го прифатите реалниот одговор. Во таков случај најдобро ќе биде да го намалите темпото.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Тензиите ви се намалуваат, но и спротивставените сили ви се намалуваат. Бидете претпазливи, внимавајте што зборувате. Непријателите можат да ве вклучат во големи проблеми поради двосмисленоста на тоа што го кажувате.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Тензиите денес ќе растат брзо и неконтролирано. Најверојатно ќе мора да направите промени во плановите. Ако планирате некои екстремни ситуации бидете подготвени да имате и план Б, ако работите не излезат како што треба. Некоја порака од поранешен близок пријател ќе ви донесе голема среќа.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе треба да средите некакви семејни или роднински проблеми. Не ви влијаат директно но ќе треба да вложите напори за да спречите посериозни конфликти. На работното место заостанувате со проектите, искоритете го претстојниот викенд и завршете ги.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Некое неисполнето ветување ќе ве демотивира и тоа на непријатен начин. Не обидувајте се да ја отфрлите одговорноста. Најдобра вистинска реакција ќе биде да си ја признаете грешката со насмевка и да се потрудите да ја поправите.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Следете ги правилата. Денот може да ви започне со неколку вида на проблеми поврзани со поранешни грешки или некое занемарување на правилата. Дејствувајте разумно и не размислувајте за проблемите, внимавајте на постапките.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Организираност, смиреност и оптимизам. Тоа ви треба денес. Времето нема да ви стаса за се, но барем направете го најважното. А за тоа што нема да успеете да го завршите побарајте помош од соработниците.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Расположението ви е прекрасно и денес ќе бидете многу комуникативни, но во исто време ќе бидете и невнимателни. Воздржете се од непотребни приказни со кои можете да ги покажете вашите слаби страни и да си создадете потенцијални непријатели.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Непријатните вести или сеќавањето на нешто што се случило одамна може да го расипе вашето расположение. Не го продлабочувајте беспотребно. Ако можете да спречите погрешен потег направете го тоа. За се друго гледајте само напред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП