19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMetro повторно забележа профит

Metro повторно забележа профит

Metro121

Германскиот малопродажен и дистрибутивен гигант „Metro“ соопшти дека во фискалната 2013/14 година се вратил на патот на профитот, благодарение на силниот четврти квартал.

Компанијата наведува дека за една година, заклучно со септември 2014 година остварила нето профит од 127 милиони евра, по загубата од 35 милиони во претходната година, пренесува агенцијата Франс прес.

„Metro“ додава дека за добрите резултати е заслужна и реструктурата на компанијата, како и силната продажба во продавниците за електронска опрема „Media Saturn“, додека на резултатите негативно влијаело колебањето на девизните курсеви, особено на рускиот пазар, каде рубљата значително ослаби.

„Metro“ повеќе од една четвртина од вкупната заработка пред одбивањето на каматитe и даноците ja остварува во Русија.

Компанијата за 2013/14 година прогнозираше заработка пред оданочување од 1,75 милијарди евра, а резултатот од 1,73 милијарди малку потфрли во однос на очекувањата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП