25 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 16.12.2014

Дневен хороскоп 16.12.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Некои помали промени на работното место ќе ви дадат додатна сила за постигнување на подобри резултати. Нема да се пожалите од досада. Ве очекуваат многу контакти со пријатели и членови од вашето пошироко семејство. Ако сте во врска добро ќе се разбирате со партнерот и ќе ги надминете кризите.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес за промена овозможете си малку повеќе одмор и не се трудете работите да бидат совршени, бидејќи никој нема да го бара тоа од вас. Одложете ги задачите кои немаат краен рок и порелаксирано работете го она што ви е со висок приоритет. Одделете си време за да се погрижите за вашите финансии и да направите план за штедење.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес вашите сетила ќе бидат изострени и постојано ќе и се воодушевувате на убавината околу вас. Посетете некоја уметничка изложба или почесто слушајте пријатна музика. Нахранете ги вашите сетила. Секој допир од партнерот ќе ви донесе дополнителна возбуда. Препуштете и се на забавата и уживајте.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Упорни сте, а тоа посебно ќе дојде до израз денеска. Би требало да го насочите вниманието во правец на кариерата и успехот. Запомнете дека се уште напредувате. Продолжете да учите и целиот вложен труд ќе ви се врати. Доколку не верувате – пробајте!

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Сонцето сеуште ве стимулира кога станува збор за односот со вашите блиски лица со кои сакате да се договорите за некои важни прашања. Сепак, Месечината не е поволна позиција за оние кои се родени на почетокот на знакот. Вашата желба да бидете оставени сами малкумина ја почитуваат. Многу лица во последно време ве прашуваат за совет, внимавајте што ги советувате.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Се чувствувате одлично, а тоа придонесува и за изгледот и енергијата што ја ширите во околината. Постојано сте во центарот на вниманието. Желбата за наметнување на сопствените вредности е изразена, но немојте да дозволите другите да помислат дека не вредат или дека не се способни.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе морате да бидете внимателни во новите љубовни обиди. Другата страна би можела да се постави поагресивно нудејќи ви авантура, а вас ви е подобро да не превземате ништо и добро да размислите. Ако сте во сериозна врска можеби ќе влезете во расправии со партнерот и ќе бидете нервозни и чувствителни. Во деловниот живот ќе решавате за некои важни прашања кои се однесуваат за вашиот напредок во кариерата.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Голема е веројатноста денес одредена личност да се обиде да ја искористи вашата љубезност, а тоа вас ужасно ќе ве изнервира. Убавата вест е што ќе и се спротивставите и ќе победите. Емотивно сте задоволни, а тоа ќе ви помогне да решите професионален проблем.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Кај вас постојат некои непотребни нервози и кавги кои не можете да ги надминете а буквално без потреба ви го одземаат времето. Не се фокусирајте кон проблемите и нивните корени, фокусирајте се на нивните решенија, но сето тоа направете го мирно и сталожено, не е потребно толкаво емоционално залагање. Потребно е да сфатите дека во животот не оди се така како што вие сте испланирале.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Можни се одредени проблеми и напнатост, но вие успешно ќе ги пребродите. Подгответе се за убав работен период во кој постои можност за напредување. Не се откажувајте иако тоа изгледа тешко. Со многу труд и напорна работа ќе бидете меѓу најдобрите. Финансиаката ситуација навлегува во период во кој долго време ќе биде задоволителна.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Во бизнисот кој го започнавте од неодамна ќе настанат некои проблеми и промени за кои на вас ќе ви е потребна помош да ги решите. Побарајте помош од некој Бик, тој ќе ви даде совет како да излезете од непријатната ситуација. Можни се проблеми со законот, внимавајте на документите кои ги потпишувате.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Голема моќ се крие зад вашата самодоверба. Затоа искористете ги околностите и блеснете со вашиот ентузијазам. Можно е да реагирате премногу бурно на некој коментар од близок пријател, што не е вообичаена реакција од ваша страна. Обидете се да се контролирате и да не кревате голема врева за ништо. Поминете извесно време сами и концентрирајте се на задачите кои се препуштени во ваши раце.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП