5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBugatti Chiron ќе пристигне во 2016-та година (фото)

Bugatti Chiron ќе пристигне во 2016-та година (фото)

chiron bug1

Кога ќе биде презентиран новиот модел на „Bugatti“? Тоа е прашање кое љубителите на оваа марка си го поставуваат постојано.

На крајот на краиштата, моделот „Veyron“ е веќе речиси 10 години стар, со оглед на тоа што беше претставен во 2005-та година.

chiron bug2

Новиот модел на популарната суперлуксузна марка може да биде претставен во 2016-та година под името „Chiron“. Се очекува суперавтомобилот да е со 1.500 коњски сили и да забрзува од 0 до 100 километри на час за само 2,5 секунди.

Според весникот „Automobile“, моделот „Chiron“ се очекува да е значително полесен од својот претходник, кој ќе го замени – „Veyron“.

chiron bug3

За разлика од повеќето суперавтомобили, моделот најверојатно ќе стои настрана од трендот на „хибридизација“, затоа што ќе има турбо „W-twin“ мотор со директно вбризгување на горивото, што ќе ја зголеми моќноста од 1.200 на 1.500 кѕ.

Во однос на брзината, се очекува таа да е ограничена до 463 километри на час. Оваа брзина најверојатно ќе го направи моделот повторно најбрз на планетата.

chiron bug4

Засега оваа информација се уште не е официјално потврдена од „Bugatti“. Се разбира, новото возило нема да биде евтино, а се очекува да е со цена од 2.5 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП