8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMitsubishi произведе 3 милиони примероци на Pajerо

Mitsubishi произведе 3 милиони примероци на Pajerо

mitsubishi-pajero-222

Додека се чека целосно новиот модел, актуелната генерација на одамна легендарниот модел „Mitsubishi Pajero“ (на некои пазари познат и како „Shogun/Montero“) пред неколку месеци мина низ мало освежување.

Сега јапонскиот производител соопшти дека имаат произведено 3 милиони возила со името „Pajero“, а треба да ве потсетиме дека првата генерација се појави во 1982-ра година. Следната генерација е претставена во 1991-ва година, а во 1999-та година и третата.

Актуелната, четврта генерација премиера имаше во 2006-та, но потоа доживеа неколку модернизации, а последната пред неколку месеци. „Pajero facelift“ официјално е промовиран во Јапонија во јули оваа година, а потоа во август на саемот за автомобили во Москва беше прикажана и европската верзија.

Најзначајните визуелни промени се однесуваат на променетиот браник, предната маска, светлата и алуминиумските тркала со нов дизајн (од 17-инчи), како и новиот поклопец на резервното тркало. Мало дотерување доживеа и внтрешноста (со подобрена звучна изолација), а беше проширена и палетата на бои.

Покрај добро познатите верзии на стандарниот „Pajerо“ со 3 и 5 врати, „Mitsubishi“ во понудата има неколку модели со името „Pajero“, како што се „Pajero Pinin“ и „Pajero Sport“, a во Јапонија и „Pajero Junior“ и „Pajero Mini“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП