Овен (21.03 – 20.04)
Сe натпреварувате и ги докажувате сопствените вредности. Сакате да ја убедите околината на некои свои замисли. Не можете да избегнете нервоза и покрај тоа што сте урамнотежени. Доколку размислувате за патување ќе ви биде полесно. Нема да можете да се сопрете ниту за минута и постојано ќе ви надоаѓаат креативни идеи за нови теми на разговор.
Бик (21.04 – 21.05)
Време е за акција. Доволно долго размислувавте што и како да сторите. Денес направете го првиот чекор преку конкретни дејствија. Преземете малку повеќе ризик од вообичаено. Луѓето околу вас денес ќе влијаат не само на вашето расположение, туку и на начинот на кој што размислувате. Не дозволувајте мнозинството да ви наметне мислење кое вие не го прифаќате.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Никој нема да може да ви ја украде насмевката од лицето. Ќе бидете расположени за дружење и забава, па ќе занемарите некои обврски за да си ги исполните желбите. Денес ќе се уверите колку е важно да бидете искрени со луѓето кои сакате засекогаш да останат во вашиот живот.
Рак (22.06 – 22.07)
Бидејќи до резултати доаѓате со нечија поддршка, морате да бидете подготвени на соработка. Сето тоа нема да ви биде тешко, бидејќи знаете дека ќе даде резултат. Бирајте зборови, некој може погрешно да ве разбере.
Лав (23.07 – 22.08)
Имате доста проблеми, не стојте во место, движете се и решавајте ги. Во нешто ќе успеете а во нешто не. Не обидувајте се да се радувате предвреме, кога реално немате причина за тоа. Испланирајте го времето. И семејството се лути поради вашите чести изговори за отсуството и невниманието кон нив.
Девица (23.08 – 22.09)
Месечината еднаш месечно престојува два и пол дена во вашата астролошка куќа на интуицијата и сега со полн сјај ви испраќа позитивни вибрации и оптимизам. Има многумина на кои можете да се потпрете, особено на некој Ракови или на некој Јарец. Месечината ви навестува можност за разговор со лица на некоја позиција, но со многу млади лица, а на вас тоа ви одговара бидејќи ќе бидете во можност да дадете предлози за кои сте уверени дека ќе бидат прифатени.
Вага (23.09 – 22.10)
Не оптоварувајте се со актуелни проблеми. Свесни сте за моменталната ситуација, па ќе ви биде лесно да издржите. Бидете трпеливи. Размислувате да го подобрите финансискиот статус и ги вложувате сите сили за да успеете. Ве очекува интересна пријателска средба и изненадување.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Не го полнете вашиот дневен список со многу задачи и обврски затоа што ве очекува еден не толку продуктивен ден. Иако имавте силна желба денес да расчистите голем дел од задачите кои ве очекуваат оваа недела, најверојатно ќе треба малку да ги одложите плановите. Добра вест е што ќе бидете многу креативни, па искористете го тоа до максимум.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ова е одличен ден ако се занимавате со уметност, а лош за сите практични работи. Свесни сте дека односите со партнерот влегуваат во сериозна криза. Немате сила да ги промените работите, затоа не обвинувајте ги другите.
Јарец (22.12 – 20.01)
Го менувате предметот на интерес, преокупирани со нови интересни содржини. Се обидувате нешто од наученото да примените во пракса и тоа со цел за подобро да функционирате. Бидејќи не сакате да ви недостасуваат основни работи, потрудете се да ги подобрите животните услови. Неуморни сте.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денес можеби ќе бидете под зголемено ментално и физичко оптеретување. Ќе морате набрзина да завршите се, да обавите неколку телефонски разговори или да обавите повеќе задачи истовремено. Не дозволувајте тоа да ве направи депресивни, бидејќи ако само малку се организирате ќе завршите се навремено.
Риби (20.02 – 20.03)
Денес би можеле да го откриете вашиот скриен тален за пишување или ако веќе сте свесни за тоа би можеле да се изненадите за големината на овој ваш талент. Ќе се најдете во ситуација да ве притиснат обврските поврзани со решавање на некои документи поврзани со финансии. Не се грижете денес се ќе решите брзо и успешно.