Овен (21.03 – 20.04)
Не дозволувајте самодовербата што ја чувствувате да остане неискористена. Насочете се директно кон вашите соништа и желби. Нема што да изгубите, а можете да добиете многу. Ако покажете дека знаете колку вредите, другите ќе ве ценат повеќе. Преземете храбар чекор на љубовен план.
Бик (21.04 – 21.05)
Ќе си ја цените слободата и нема да дозволите кој било да ве ограничува и принудува да следите туѓи планови. Денес ќе ги раширите своите крилја и ќе летнете во потрага по забава. Благодарение на Месечината, ќе бидете расположени за дружење без крај. Каде и да одите, ќе наидувате на познаници кои ќе ги „заразувате“ со позитивната енергија.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Под влијание на Месечината ќе бидете пречувствителни, па длабоко до вас ќе допираат нешта кои во други околности би ги игнорирале. Не се плашете од емоциите – независно од тоа дали се позитивни или негативни. Ќе бидете пријатно изненадени од однесувањето на некоја личност кон вас, најверојатно партнерот, вашиот главен подржувач. Многу луѓе гледаат на вас со почит и вие тоа допрва ќе го дознавате.
Рак (22.06 – 22.07)
Ќе разговарате, ќе бидете добро расположени и инспиративни, така што ќе ја разбудите својата околина и ќе ја натерате да ви се придружи во своето веселење. Личниот живот ќе страда поради некои работни обврски, но не грижете се – и тоа наскоро ќе се реши.
Лав (23.07 – 22.08)
Доста со хобито и трошењето на слободното време, саканата личност има нешто против тоа. Размислете како би реагирале вие да сте во истата ситуација, па така и однесувајте се. Ќе добиете извинување од некој пријател или колега кое веќе одама требаше да пристигне, бидете паметни и прифатете го.
Девица (23.08 – 22.09)
Ќе им се лутите на луѓето околу вас, зашто не гледаат на работите како што гледате вие. За среќа, способни сте да ја најдете суштината на проблемите и експресно да излезете од кашата во која сте заплеткани. Во љубовта нема да можете логично да размислувате. Добро е што е викенд за да можете без чувство на вина да ги следите своите желби.
Вага (23.09 – 22.10)
Оптимистички сте настроени, а тоа денес ви оди во прилог. Бидете толерантни и мирољубиви. Поминете повеќе време во домот. Концентрирани сте на работата, сакате да решите прашања кои долго ве мачат. Но финансиите ќе ви зададат проблеми, па за некои ваши размислувања ќе треба да премолчите.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Вашето однесување ќе биде чудно и непредвидливо. Во еден момент ќе и се предавате на спонтаноста и ќе реагирате импулсивно, а веќе во друг, ќе бидете многу претпазливи. Трудете се да не одите во крајности. Независно од тоа каква „бура“ ќе беснее внатре во вас, денес ќе бидете подготвени да се забавувате.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денес во вас ќе врие вишок енергија. Земете лак и стрела и тргнете во лов на забава. Ве очекува возбудлив ден, но само ако сте решени да го направите таков. Не дозволувајте туѓи планови да ви се испречат на патот кон остварување на вашите желби.
Јарец (22.12 – 20.01)
Потрудете се да бидете тактични. Не дозволувајте никој да влијае на вашиот живот. Партнерот сака да доминира, но не му го дозволувате тоа и стоите цврсто на земја. Постојано наидувате на неочекувани ситуации. Не трошете ја беспотребно енергијата, потрудете се да се опуштите и одморите.
Водолија (21.01 – 19.02)
Тактизирајте со работите ако сакате да постигнете успех. Нервозите можат само да ви наштетат. Успешни сте во секој поглед. Искористете го вистинскиот момент и со одлучна акција решете го проблемот. Доколку некој се обиде да извлече корист од вас, ставете му до знаење дека е потребно да ви даде нешто за возврат.
Риби (20.02 – 20.03)
Веќе подолго време ве мачи нешто, а ни самите не знаете што. Времето работи за вас, искористете го тоа и уживајте во нечија прегратка. Обврските не можат да чекаат. Доколку пропуштивте нешто, потрудете се тоа денес да го надоместите. Некој ќе ви застане на патот, не дозволувајте да ви ги попречи плановите.