По товарната верзија, „FIAT“ за 2015-та го обнови и „Doblo“ со патничка кабина.
Oд 2015-та на патиштата ќе има повеќе „насмеани“ автомобили, благодарејќи на новата маска која го краси предниот дел на „FIAT Doblo“.
Покрај маската на ладилникот, италијанскиот производител во целост ги редизајнираше фаровите и предниот браник, додека задниот дел од возилото, со исклучок на стоп-светлата и панелот под прозорот, остана непроменет.
Промените во внатрешноста на возилото опфаќаат редизајнирана инструмент табла и волан, нови дезени и боја на навлаките и тапацирот, а од „FIAT“ велат дека бучавата во кабината е намалена благодарејќи на подобрената звучна изолација.
Во понудата и натаму ќе бидат верзии со кратко и долго меѓуосовинско растојание, односно со 5 и 7 седишта, како и модел со надоградена кабина.
На располагање ќе бидат дизелите, „1.6 MultiJet II“, во верзии со 90 ks и 105 ks, и 2.0-литарскиот агрегат со 135 ks.
Oд бензинските верзии, достапни се 1.4-литарскиот мотор со 95 ks и 1.4-литарскиот „TurboJet“ со 120 ks, кој може да се нарача и во верзија со погон на компромиран природен гас.