26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСилен и моќен - Mansory (фото)

Силен и моќен – Mansory (фото)

mansory 11

Повеќето љубители на автомобили би се согласиле дека моторот со 585 ks е сосема доволен за „Mercedes S63 AMG“. Од „Brabus“ сметаа дека има простор за подобрување, па во 2013-та понудија верзија со 850 „коња“, за на крај да се огласи и „Mansory“ со сопствена верзија на оваа лимузина која развива 1.000 ks.

Германските експерти за модификација на продукциските луксузни автомобили претставија две подобрени верзии на „Mercedes S63 AMG“.

Првиот модел, „Mansory M800“, произведува 800 ks кои се достапни при 4.750 o/min и развива максимален вртежен момент од 1.200 Nm, кој е на располагање во опсег од 1.700 до 3.500 o/min.

Подолнителната моќ се одрази на перформансите, па „M800“ до „стотка“ стигнува за 3,6 s.

mansory 22

За оние кои тоа не им е доволно, во понудата е екстремната верзија, „M1000“.

Овој автомобил со 1.000 „коња“ располага со максимален вртежен момент од дури 1.400 Nm, кој е достапен од 1.500 дo 3.500 o/min.

„Mansory M1000“ oд 0 дo 100 km/h забрзува за 3,2 s, a максималната брзина мораше да биде ограничена на 300 km/h од безбедносни причини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП