1 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 12.12.2014

Дневен хороскоп 12.12.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Би било добро максимално да му се посветите на она што сте го направиле до пола и сте се откажале. Ако станува збор за соработка со Рак, Лав или Јарец, бидете подготвени за конструктивен разговор. Не внесувајте емоции во работата. Можно е зголемување на приходите од некои неочекувани извори. Девицата чека ваш повик, не ја изневерувајте.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денот е погоден за одмор, а не за некои големи потези. Ако се занимавате со креативна работа, уметност, ќе добиете голема инспирација. Не ја одбивајте понудата на некоја Водолиjа или некој Овен. Стрелецот се обидува да ве наговори на заедничка работа во странство. Можете да очекувате пофалба од Лав или Вага. Денес денот е погоден да одиграте некоја игра на среќа.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Од настаните ќе го извлекувате максимумот, но ни со тоа немојте да се задоволувате. Вие можете повеќе и подобро. Наскоро ќе имате сериозно преиспитување со постигнатите резултати. Морате да бидете јаки за да можете да се соочите со вистината. Со вашиот став се наметнувате на околината.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Имате премногу планови но всушност сте премногу опуштени или несигурни во себе и се сомневате дали е можно вашите планови и соништа да се остварат. Би требало да бидете подготвени на секој вид предизвик, особено кога станува збор за соработка со Стрелец, Лав или Шкорпија. Некој Јарец ќе ви даде одличен совет.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Треба малку пореално да ја согледате ситуацијата во која се наоѓате, особено во работата. Проблемите со партнерот ќе ви ги заматат плановите. Не се расправајте со некој Овен ниту со некој Бик, вие ќе загубите. Некоја понуда за соработка ќе биде токму она што го чекавте подолг период.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Иако од желбата за наметнување на сопствените убедувања на околината и на партнерот имате само штета сепак тоа е појако од вас. Моментално таа ваша супериорност е голема препрека во вашето функционирање. Пожелно е понекогаш да глумите беспомошни. Планетите ви порачуваат да се вразумите.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Потребно е да сфатите дека не треба да ги користите туѓите слабости за да добиете некои поени, на сметка на туѓите грешки. Напротив, покажете колку сте способни и колку вие самите можете да успеете во замислите. Некоја грешка скапо ќе ве чини.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Знаете како да воспоставите хармонична атмосфера меѓу вас и колегите и знаете како да постапите во конфликтната ситуација со Овен или Стрелец. Денес некој Лав ќе ви направи сериозен проблем и би требало отворено да разговарате за тоа. Некои лица ќе го променат нивното мислење за вас.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Чувствувате некоја мала непријатност или закана која доаѓа од оние кои не ви се наклонети. Не би требало со своите коментари да потсетувате дека не биле секогаш фер со вас, особено не некој Бик, Вага, Рак или Јарец. Можете само да ја влошите ситуацијата која не е баш солидна. Постои понуда од некоја Шкорпија во врска со работа.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денеска ќе бидете доста повлечени и напнати. Некои од вас ќе добијат желба да се подалеку од другите, односно да се повлечат со своите мисли. Ве очекуваат пријатни изненадувања на сентимантален план, но само ако ја вратите ведрината на вашето лице и ако се дружите. Заборавете на грижите, насмевнете се и уживајте.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Вашите амбиции ќе бидат максимално нагласени и ќе влијаат на односите со околината. Преземете неколку нови обврски и обидете се да ги исполните. Имајте доволно трпение за оние кои ви се драги, не ги навредувајте со потезите. Доколку поседувате приватен бизнис, вашите работници ќе ве напуштат поради вашите лажни ветувања.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе знаете да го цените тоа што го имате и ќе можете да го извлечете најдоброто од моменталните односи. Претставниците кои се во сериозни врски ќе имаат причина за задоволство. Некои од вас особено оние слободите ќе гледаат со недоверба во средбата со една интересна личност од спротивниот пол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП