26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕвропската комисија ќе го казни Microsoft

Европската комисија ќе го казни Microsoft

Microsoft-EU-antitrust

Во јавноста процури веста дека Европската комисија одлучила до крајот на март да го казни „Microsoft“ за антикартел случајот во кој компанијата е замешана.

Европската комисија во октомври минатата година го обвини „Microsoft“ дека го прекршиле договорот со кој биле обврзани на европските потрошувачи да им обезбедат слободен избор на интернет пребарувачи во рамките на нивниот оперативен систем „Windows“.

„Microsoft“во 2009-та година се согласи на ова и вети дека ќе исполни се, се со цел да избегнат казна која би можела да биде и до 10 проценти од вкупниот приход.

Според информациите Европската комисија има намера до Велигден да го казни „Microsoft“, но поради процедуралните прашања во врска со овој случај се очекува оваа одлука да биде одложена на некое време.

Висината на казната која ќе треба да ја плати „Microsoft“ би можела да биде многу голема, со оглед на тоа дека тие по вторпат ги игнорираат одлуките на Европската комисија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП