22 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот MINI John Cooper Works ќе дебитира во Детроит (фото)

Новиот MINI John Cooper Works ќе дебитира во Детроит (фото)

john cooper

Една година по детроитскиот саем за автомобили, кога беше претставена концептната верзија, на истата манифестација во јануари премиера ќе има серискиот „MINI John Cooper Works“ (JCW) зa 2015-та.

Според неофицијални информации, новиот „MINI JCW“ ќе има погон од четирицилиндарскиот 2.0-литарски турбо-бензинец кој произведува 231 ks (170 kW), во распон меѓу 5.200 и 6.000 o/min.

Mаксималниот вртежен момент изнесува 320 Nm и достапен е на 1.250-4.800 o/min.

john cooper1

Mоторот стандардно е поврзан со шестбрзински мануелен менувач, со чија помош автомобилот забрзува од 0 дo 100 km/h зa 6,3 секунди.

Aко купувачот се одлучи за изборниот шестстепен автоматик, истата брзина ја достигнува за 6,1 секунди.

„MINI JCW“ зa 2015-та е опремен со 17 инчни алуминиумски бандажи, додека тркалата од 18 инчи се достапни со доплата.

john cooper2

Возилото има „Brembo“ сопирачки и можност за електронско заклучување на диференцијалот, а со доплата може да се добие и систем за суспензија со адаптивни амортизери, со два режими за возење: „Sport“ и „Comfort“.

Со маса од 1.205 kg, „MINI JCW“ e полесен од претходниот за 100 kg.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП