Овен (21.03 – 20.04)
Малку ве загрижува финансиската ситуација бидејќи не сте во состојба да ги извршите сите обврски или можеби да го вратите долгот на една Шкорпија или Јарец. Не се оптеретувајте со размислувањата за тоа кој ве сака, а кој не. Имате конкуренција на работа, а вие добро знаете кој е тоа. Рибите ќе ве подржат иако вие нема да бидете свесни за тоа.
Бик (21.04 – 21.05)
Би требало да најдете доволно време за лицето кое ќе ве повика да се сретнете или за разговарате за заедничката работа. Не влегувајте во конфликтни ситуации, особено не со Вагите, Лавовите и Јарецот. Сакате да најдете најдобар начин како да направите договор со претпоставениот.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Шармот е вашето најсилно оружје и се обидувате да убедите некој Рак дека би требало да биде на ваша страна. Во суштина можете и без ничија помош да се изборите за своето место под сонцето. Би требало да бидете многу поодлучни во поглед на решавањето на прашања во врска со домот и недвижнините.
Рак (22.06 – 22.07)
Имате прилика да се истакнете во доменот на уметноста или работите кои подразбираат дека треба да покажете некој талент или способност. Немојте да бидете премногу тврдоглави поради некоја ситуација која не ви оди во прилог. Покрај вас е напорен ден со многу обврски.
Лав (23.07 – 22.08)
Покажувате подготвеност да се прилагодите на потребите на соработникот кој ви е пријател или роднина, но сепак ќе ги покажете забите доколку се обиде да ве омаловажи. Еден Рак или Бик сметаат на вас и уверени се дека ќе се согласите да соработувате. Можни се неочекувани добивки од повеќе страни.
Девица (23.08 – 22.09)
Би било добро да го поправите вашиот однос со колегите и да покажете иницијатива да создадете нови пријатели наместо да навлегувате во кавги. Можни се финансиски добивки. Ве подржува некој на чија помош можете да сметате во секое време. Средбата со некој Лав може да ви донесе некои многу добри нови идеи.
Вага (23.09 – 22.10)
Својата енергија насочете ја кон она што најмногу го сакате и не се исцрпувајте непотребно за работите кои не ви носат сатисфакција. Ако пријателите ве повикаат некаде да се сретнете, бидете подготвени со нив да се видите. Можни се пријатни средби со странци.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ако барате работа, во тоа ќе ви помогне некоја Вага, Јарец или Рак. Денот е многу напорен за оние кои се присутни во јавноста или кои очекуваат некој поголем износ на сметката. Ако тоа не се случи, бидете подготвени да се борите за своите права. Повикајте го Ракот кој би можел да ви помогне.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ова е еден од оние денови кога би требало да бидете повеќе завртени кон себеси и своите лични проблеми и потреби. Не земајте се при срце, особено не ако сте слушнале некоја лоша вест или мислите дека би можеле да бидете предмет на нечија критика. Не се разочарувајте доколку некој од знакот на Риби не ви помогне.
Јарец (22.12 – 20.01)
Не дозволувајте никому да ви ги поремети плановите. Ќе ви бидат укажани нови можности кога станува збор за кариерата. Не ги слушајте приказните на некој Овен или Шкорпија, бидејќи би можеле да ве дестабилизираат. Најдете повеќе време за вас и вашите блиски лица.
Водолија (21.01 – 19.02)
Многу сте енергични и на некој со кој често се гледате или се допишувате ќе му покажете дека сакате да бидете со него. Ќе добиете можност да обавите некој важен разговор со лицето кое живее во странство. Обидете се да се рехабилитирате во професионален поглед.
Риби (20.02 – 20.03)
Чувствувате дека некој не ве сака или дека ви прави сплетки. Трудете се на најдобар начин да ги изразите вашите планови и амбиции и не дозволувајте повторно да звучите нереално. Ќе добиете прилика да исправите некои грешки од минатото и да се активирате на друштвен план.