22 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai i20 Coupe - нешто сосема поинакво (фото)

Hyundai i20 Coupe – нешто сосема поинакво (фото)

coupe hyundai i20

По премиерата на втората генерација на моделот „i20“, која е одржана на авто-саемот во Париз, „Hyundai“ ја претстави и неговата атратктивна верзија со три врати.

Корејскиот производител сакаше овој пат да направи јасна разлика меѓу моделите со 5 и 3 врати, па така „i20 Coupe“ стилски се разликува од стандардниот „Hyundai i20“.

coupe hyundai i201

Автомобилот има динамичен изглед на надворешноста, кој го карактеризира голема маска на ладилникот, различен преден браник и светла за магла.

Најмногу промени се случија на задниот дел на возилото. Моделот со 3 врати има нагласени задни калници, различни стоп-светла, како и помал заден прозор.

coupe hyundai i202

Посебен печат на овој дел на автомобилот се закосените „Ц“ столбови и сполјерот на покривот, со цел да изгледа уште поатрактивен, „i20 Coupe“ e oпремен со 17-инчни алуминиумски бандажи.

„Hyundai i20 Coupe“ e понизок од верзијата со 5 врати за 25 mm, но во компанијата велат дека тоа не се одрази на корисниот простор во кабината, додека зафатнината на багажникот е зголемена и изнесува 336 литри.

coupe hyundai i203

Доколку очекувавте помоќни мотори од оние кои се наоѓаат во стандардниот „i20“, ќе бидете разочарани. „Hyundai“ за „Coupe“ ќе ги користи истите погонски единици, како и во моделот со 5 врати.

Во понудата ќе бидат два бензински, 1.25-литарски со 85 ks и 122 Nm, како и 1.4-литарски со 100 ks и 134 Nm.

Што се однесува до дизелите, на располагање се 1.1-литарски мотор со 75 ks и 180 Nm и единица од 1.4-литри со 90 ks и 240 Nm.

coupe hyundai i204

Моторите се поврзани со шестбрзински мануелен менувач, освен во случајот со 1.25-литарскиот бензинец кај кој моќта на тркалата се пренесува по пат на петстепена трансмисија. Четирибрзинскиот автоматик е достапен како опција кај бензинецот од 1.4-литри.

„Hyundai i20 Coupe“ ќе пристигне во продажните салони во пролетта 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП