6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ„17 на ден“ - Напиток кој ќе ве заштити од сите сезонски...

„17 на ден“ – Напиток кој ќе ве заштити од сите сезонски болести

61021388-sok-napitak-zdravlje-vitamini-minerali

Дали сте знаеле дека јапонската влада им препорачува на своите граѓани консумирање на 17 видови овошје и зеленчук секој ден, а повеќето други само 5?

Сите дневни потреби за витамини и минерали како и други хранливи материи можете да ги задоволите со само една чаша, односно преку овој напиток наречен „17 на ден“ кој го зајакнува имунитетот и ве чува од сите сезонски болести….

Состојки:

– 1 јаболко златен делишес

– 1 круша

– 1 свежа краставица (коцка со големина од околу 2 см)

– ½ половина мала лимета

– 1 ѓумбир (парче со големина од околу 1 см)

– 1 шака свежи листови од спанаќ

– ½ целер

– ½ морков

– 1 шака свеж кељ

– ½ главица свежо цвекло

– 1 кришка ананас (со дебелина од околу 1 см)

– 1 парче брокула (големина од околу 1 см)

– 1 тиквица (парче со големина од 1 см)

– 1 пашканат (парче со големина од 1 см)

– 1 анасон (парче со 1 см големина)

– 1 кришка црвена пиперка

– 1 кришка жолта пиперка

Подготовка:

Овошјето и зеленчукот добро измијте ги, исчистете ги и ставете ги во блендер и додадете им неколку коцки мраз по желба. На здравје!

Зошто треба да го пиете овој напиток?

Бидејќи во него се наоѓаат витамините А, Б, Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, Е и К. Содржи бета-каротен, калциум, железо, магнезиум, манган, цинк, селен, натриум, фосфор, калиум, сулфур, бакар, хром и бор. И токму затоа овој рецепт потекнува од земјата која има најмногу најстари луѓе во светот.

На кого му се препорачува?

На лицата кои закрепнуваат од сезонски грип, настинка и вироза, на оние кои претерале со консумација на алкохол и слатки, како и на сите оние кои сакаат да ги внесат сите потребни хранливи материи во организмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП