Овен (21.03 – 20.04)
Обидете се да ја добиете довербата на еден Лав кој знае како да ви ласка но не ги отвора картите пред вас. Можно е и двајцата да се наоѓате на некој нов терен кој е непознат за вас. Сакате ризични работи и ситуации во кои вашето знаење доаѓа до израз.
Бик (21.04 – 21.05)
Ако немате некакви проблеми кои ве мачат подолго време и ви го преокупираат вниманието, денот ќе ви биде прилично весел, радосен, оптимистичен и само во такво расположение можете да ги решавате работите онака како што само вие знаете, ефективно и егзекутивно, а притоа и да си обезбедите доста внимание и секако по некој аплауз на отворена сцена. Финасиите во блиска иднина ќе ви бидат стабилизирани.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Денес, можеби, ќе се создадат услови да ви треба некаква асистенција или помош или некому да му е потребно тоа од ваша страна. Иако немате нешто многу енергија на своја страна, ќе помогнете макар и со совет или убав збор, пофалба, љубезност, некој ситен подарок како знак на внимание. Вашите соработници ќе бидат воодушевени од вас, а вашите ученици ќе сакаат што повеќе да научат од вас.
Рак (22.06 – 22.07)
Не навлегувајте во непотребни расправии бидејќи е истакнато асролошкото поле на јавноста и тајните непријатели. Многумина мислат дека се инаетите, но вие сте само принципиелни. Во попладневните часови би требало да се слушнете со некој Јарец, Шкорпија или Бик околу продолжување на соработката. Знаете добро што за вас би било најпрактично решение.
Лав (23.07 – 22.08)
Доколку сте планирале приватен бизнис, сега е можност за тоа. Договорете се со семејството или пријателите, разработете заедно некој нов бизнис. Доколку веќе работите приватно, овој период ќе биде сјаен за вас. Обидете се да ги искористите сите бенефити кои ќе ви бидат понудени.
Девица (23.08 – 22.09)
Немојте да се нервирате поради работата, туку правете така како што мислите дека е најдобро. На крајот на декември некои работи ќе се поместат, работи кои досега биле закочени, ограничени, оние поради кои сте биле незадоволни. Комуницирајте со колегите, на тој начин и тие ќе ви помогнат.
Вага (23.09 – 22.10)
Односите со деловниот партнер не се сјајни бидејќи ниту еден од вас несака да попушти околу некои мали нешта. Можно е навистина да не се разберете бидејќи секој од вас има свои потреби и секој ја гледа ситуацијата од свој агол. Ако подолго време сте на ова работно место вреди да попуштите за да не дојде до непотребни конфликти.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Бурно реагирате на секоја ситуација. Ви недостасува одлучност, па незадоволство комбинирано со страв го манифестирате во вид на стрес. Професионалната ситуација е под строга контрола. Вашите колеги ќе се разочараат од вас и вашиот однос кон новите проекти, бидете подготвени да го поправите тоа.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Добро комуницирајте и со оние кои не ги сакате бидејќи успевате сите да ги разоружате со љубезност и внимание. Некој ќе посака да се сретне со вас и да ви раскаже некоја негова тајна. Не бидете недоверливи, дадете му шанса.
Јарец (22.12 – 20.01)
Не навлегувајте во расправии околу хонорарот, особено во врска со работата која ја работите за странци или е во врска со странство, бидејќи можете да ја истакнете правдата, но и да ја изгубите шансата за продолжување на соработката.
Водолија (21.01 – 19.02)
Немате добра комуникација со некој Лав, но кон него вие сте премногу чувствителни. Тоа особено се однесува на оние кои се родени во јануари. Може да очекувате да добиете понуда за која сте сонувале, но прашањето е дали ќе ја прифатите. Некој сака да ве сретне бидејќи долго време ве нема видено.
Риби (20.02 – 20.03)
Чувствувате потреба за размена на идеи. Веќе на прв чекор настапуваат разочарувања. Морате да бидете свесни дека моменталната смисла за комуникација не ви е силна страна. Се советува поголема доза на објективност во деловните соработки. Штедете ги парите кои во моментов ги поседувате.