7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMerck ја купи Cubist Pharmaceuticals за 9,5 милијарди долари

Merck ја купи Cubist Pharmaceuticals за 9,5 милијарди долари

merck1

Американската фармацевтска групација „Merck“ соопшти дека ќе го купи производителот на антибиотици „Cubist Pharmaceuticals“ за околу 9,5 милијарди долари.

Вредноста на акциите на компанијата е проценета на 8,4 милијарди долари, со долгови од 1,1 милијарди. Иако аквицизицијата е голема, таа нема да претставува проблем за „Merck“, чија пазарна вредност е проценета на 175 милијарди долари.

„Cubist Pharmaceuticals“, основана во 1992 година во Масачусетс, е специјализирана за производство на лекови за бактерии отпорни на моментално достапните антибиотици. Компанијата минатата година оствари приходи малку поголеми од милијарда долари.

„Cubist Pharmaceuticals“ е глобален лидер во производствотo на антибиотици и има широка палета на лекови. Кога ќе ја споиме нивната стручност со нашите потенцијали и глобалното присуство, ќе можеме да напредуваме во пронаоѓањето на решение во критичните области, како што е тоа отпорноста на антибиотиците“, изјави претседателот на „Merck“, Кен Фразиер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП