29 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 09.12.2014

Дневен хороскоп 09.12.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Положбата на планетите на вас делува поттикнувачки и вие ќе бидете подготвени да навлезете во некоја нова работа само под ваши услови. Вашите соработници не разбираат што барате од нив, и затоа би требало да покажете поголемо трпение. Склони сте на кавги дури и со оние кои ви се драги, а особено со земјените и водените знаци.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Положбата на Месечината во Рак целосно одговара за повеќето припадници на овој знак бидејќи чувствувате нечија поддршка, можно е да станува збор за лице кое е често на пат или кое е родено на друго место. Верувате во добронамерноста на еден Јарец или Шкорпија кои ве критикуваат за ваше добро.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Напорен ден бидејќи од вас се очекува да покажете поголема иницијатива и да ја преземете работата во ваши раце. Верувате во можноста за остварување на желбите, особено кога станува збор за соработката со странци или лицата кои се занимаваат со трговија, спорт или одгледување на расни животни.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Беспотребно сте малодушни и им дозволувате на другите да ве предомислуваат. Ве притиска чувството на немоќ да решите некој важен проблем, особено во врска со странство, и особено ако сте Рак роден во јули. Лицата во знакот на Јарец или Водолија се тие кои ви стојат на патот.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Не успевате да се договорите со еден Овен или некоја Водолија околу нешто што во моментов ви е важно. Ако тие бидат подготвени да попуштат во нешто, и вие ќе бидете расположени да направите отстапки. Имате начин како да се договорите со еден Бик околу нешто што е важно за вас и другата страна.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Состојбата на вашиот дух не е добра, бидејќи Месечината се наоѓа во знакот на Рак и е во напнат аспект со Плутон, а сето тоа на вас ќе ви донесе немир. Ваквата позиција на Месечината ве наведува на размислување за новата работа и страв од неуспех во работата.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Сонцето во Стрелец и Месечината во Рак ве прават активни и физички и ментално, со безброј нови идеи. Романтичен ден за креативните Ваги и за оние кои сакаат нешто да направат во животот, ќе имаат големи идеи и обиди да ги организираат и средат работите, а пред се финансиите. Ќе добиете прилика да се сретнете со една Водолија која ви е исклучително наклонета.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес нешто длабоко во вас ќе ве принуди да направите нешто што за вас ќе биде голем предизвик. Имате потреба за се убаво да се договорите со соработниците, но тие не се како вас и ќе се обидат да ви наметнат некои нивни начини кои нема да ви одговараат. Не се откажувајте од вашите планови со Рибите.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Обидете се да најдете излез од ситуацијата која прилично ве загрижува и веројатно сте им лути на оние кои свесно или несвесно ви направиле некоја лоша услуга или ви дале на знаење дека мора да го прифатите тоа што сте го добиле, без оглед на се. Декемвриските Стрелци ќе пронајдат начин за излез од долговите. Сакате да се сретнете со некој Овен.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ви се допаѓа помислата дека би можеле да работите со некој Овен или Водолија дури и ако немате многу допирни точки со нив. Во прилична мера сте исцрпени, а не сте свесни за тоа. Немате што да му понудите на партнерот освен приказните за работа и своите грижи, размислете добро за таа состојба. Непотребно сте уплашени за финансиската состојба.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Сметате дека некој се обидува да ви наштети во финансиска смисла. Можно е тоа да биде некој кој ви должи пари. Би требало да ги научите правилата на игра во таа ситуација и да бидете малку повеќе директни или повеќе отворени, ако имате намера да постигнете успех. Плутон во знакот на Јарец ќе ве направи несигурни.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Се трудите на секој начин да го направите тоа што од вас повеќето го очекуваат. Многумина имаат дверба во вас и сакаат да ви дадат на знаење дека со вас би требало да се договорат за нешто многу важно. На некој му е важно да ви излезе во пресрет и да ви направи некаква услуга.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП