Рускиот нафтен гигант „Gazprom“ објави дека со италијанската банка „UniCredit“ во Виена потпишале договор за кредитна линија во износ од 390 милиони евра.
Во соопштението објавено на интернет страната на руската компанија не се наведуваат финансиските услови за договорот, ниту како „Gazprom“ има намера да ги употреби тие пари.
Договорот е потпишан во четвртокот во Виена, а би требало да овозможи „поширока соработка на „Gazprom“ со финансиската заедница во Италија и во цела Европа“.
Европската унија воведе санкции за Русија поради наводната поддршка на проруските сепаратисти во Украина, а меѓу останатите се опфатени „Gazprom Neft“ и „Gazprombank“, но не и за нивната главна групација „Gazprom“. Санкциите вклучуваат забрана за пристап на руските компании на европските пазари на капитал.