26 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 06.12.2014

Дневен хороскоп 06.12.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Скротете ја љубопитноста и држете се подалеку од туѓите животи. Без да почувствувате, можно е да навлезете во чувствителен аспект од животот на блиска личност. Тоа може да биде причина за нарушување на хармоничните односи. Понекогаш молчењето е злато, па верувајте и на интуицијата кога ви кажува дека треба да го сопрете зборувањето.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе бидете исполнети со ентузијазам и мотивирани да сработите што повеќе. Денес ќе бидете експерти за хармонична комуникација и преговарање, па закажете што повеќе бизнис средби или одржете силна презентација. Вечерта енергијата ќе ви опадне и нема да сакате да го напуштите својот дом. Најисполнети и најзадоволни ќе се чувствувате покрај семејството.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес е вашиот среќен ден. Може да очекувате многу одлични изненадувања. Може да добиете некои неочекувани пари или некој ќе ви предложи многу интересен и потенцијално успешен проект. Прифатете ги опциите кои се пред вас, денес не можете да погрешите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Премногу сте чувствителни и тоа ве води до погрешна процена на многу нешта. Бидејќи сте затворени во себе, можете сериозно да го нарушите здравјето и да се соочите со долготрајни последици. Не дозволувајте да ве погодат коментарите на околината. Релаксирајте се и забавувајте се во друштво.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Луѓето ги ставате на прво место, но морате да се насочите кон работата. Им давате предност на работите што носат видливи резултати. Опкружени сте со клевети и манипулации, но однапред се дистанцирате од негативности. Можно е некоја Вага да побара заем од вас, размислете како ќе постапите.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес конечно ќе соберете смелост и ќе поведете храбри битки. Се разбира, вашата решителност и цврстиот став во клучните моменти ќе ви помогнат да стигнете до посакуваната победа. Единствената мисла која секогаш треба да ја имате на памет е да не ги погазувате сопствените принципи.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес цел ден ќе бидете обземени од длабоки мисли. Ќе размислувате за различни сегменти од животот, како ви оди, што да промените и сл. Не мислете дека сте луди поради тоа. Запишете ги своите мисли. Кој знае, можеби подоцна ќе ви бидат од корист.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Изгледате самоуверено и сакате да ги покажете своите способности на секој можен начин. Доколку сакате да се разликувате од другите, бидете креативни. Позитивната енергија насочете ја целосно кон партнерот. Ве очекува успешен ден, но и желба за доминација. Уживате во докажувањето на сопствените вредности.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе бидете среќни и задоволни. Некој ви помага да се искажете на вистински начин, не отфрлајте го тоа. Го идеализирате партнерот и тоа сосема е погрешно. Занимавајте се со уметност, бидејќи имате нагласена фантазија и креативност.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Работите не се секогаш такви како што изгледаат на прв поглед, завртете се околу себе и проценете дали некој ви работи позади грбот. Бидете суптилни, не донесувајте избрзани одлуки, бидејќи тие би можеле да се свртат против вас. Само мирно и концентрирано, единствено таквиот пристап може да ви го донесе она што го сакате и со кое полесно ќе ги остварите целите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Поволен ден за разговор за некоја нова работа со некој Бик или Вага, со кои во последно време сте имале непријатни разговори. Потребно е да ја прифатите реалноста и да не се нервирате премногу, посебно во врска со некој земен кредит, или некои други обврски од материјалната природа. Треба да го послушате советот на некој Бик или Лав.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Флексибилноста ќе ви го одбележи денот и промените во плановите нема да ви го расипуваат расположението. Помогнете им на луѓето околу вас да сфатат дека животот е непредвидлив и дека треба да бидат поспонтани за да уживаат во него. Некој се обидува да ви го пренесе своето животно искуство. Многу ќе изгубите ако го игнорирате поради презафатеност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП