19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung добитник на големи GSMA награди на Mobile World Congress 2013

Samsung добитник на големи GSMA награди на Mobile World Congress 2013

D GSMA_Award

Samsung Electronics Co, Ltd., глобален лидер во дигиталните медиуми и технологија на дигитална конвергенција објави дека втора година по ред на Светскиот конгрес за мобилни телефони (Mobile World Congress) го освојува признанието од GSM Асоцијацијата во две категории: “производител на уреди на годината“ и “најдобар smart (паметен) телефон“.

Samsung беше прогласен за производител на годината од страна на судиите. По постигнувањето на статусот “број еден“ на пазарот на мобилни телефони годинава, како и на пазарот на паметни телефони минатата година, наградата ја потврдува континуираната иновативност на Samsung како и портфолиото на водечка компанија во индустријата.

GALAXY S III беше именуван за „најдобар smart (паметен) телефон“ поради неговите моќни перформанси, како и огромниот позитивен одѕив на потрошувачите. GALAXY S III, предводник на Samsung паметните телефони, досега постигна светска продажба од повеќе од 40 милиони примероци, правејќи го најбрзо продаваниот уред во историјата на Samsung како и водечки паметен телефон во светот. GALAXY S III поседува комбинирана природна интеракција и со лесно и брзо споделување на податоци овозможува искуство со бескомпромисни перформанси. Тој преставува наследник на многу успешниот GALAXY S II кој што беше признат како најдобар паметен телефон од страна на GSM Асоцијацијата во 2012.

Именувана од страна на судиите за “Најдобрo кориснички оспособен електронски уред”, GALAXY Camera е првата вистински поврзана камера (Connected Camera) – комбинација од фотографска совршеност на квалитетен компактен фото апарат со конекција и адаптибилност која овозможува 3G/4G + Wi-Fi поврзаност и Android 4.1 (Jelly Bean) оперативен систем. GALAXY Camera дава одговор на побарувањата на потрошувачите кои сакаат да бидат во можност да ги уредат или споделат своите фотографии веднаш, без да прават компромиси во нивниот квалитет. GALAXY Camera е лесна за ракување, уредување и споделување без разлика каде се наоѓа корисникот.

“2012 година беше клучна за Samsung во поставување на нови рекорди во мобилната индустрија. Судиите ја увидоа нашата иновативност во низа категории. Ние во Samsung сме посветени на менувањето на корисничкото искуство во мобилната технологија низ целиот свет, во сите категории и пазари”, изјави JK Shin, раководител во компанијата за IT и мобилни комуникации во рамки на Samsung Electronics Ltd.

Во рамки на Светскиот конгрес за мобилни телефони 2013, Samsung ги демонстрираше своите иновации со нова генерација на производи, содржини и сервиси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП