25 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 04.12.2014

Дневен хороскоп 04.12.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Доколку се стремите кон бизнис напредок, ќе морате да бидете послушни и без прашања да ги усвојувате одлуките за во иднина. Иако вам тоа нема да ви се допадне, на крајот ќе сфатите дека тоа е полесно отколку што мислевте дека ќе биде. Во вечерните часови, можете да добиете некоја чудна порака од некое лице кое едноставно решило да ви каже што се мисли за вас.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Околностите ќе ве поттикнат на промени во однесувањето, при што најсилни сојузници ќе ви бидат енергијата и вербата во себе. Денот ќе го поминете во тесна комуникација со другите. Ќе запознаете нови луѓе, ќе направите корисно познанство и ќе извлечете корисни лекции од искуствата на другите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ви доаѓа нова енергија која ќе ви помогне во пребродувањето на тешкотиите на кои ќе наидете. Ќе бидете свесни за својата сила и ќе имате волја за да издржите во реализирањето на вашите оргинални идеи, иако околината тешко ќе ги прифати. Не чекајте туку веднаш почнете со уверувањето на вашите колеги за вашата генијалност.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Би можело да се случи да потклекнете пред нечие додворување, и да сфатите колку е убаво да бидете освоен, но и да победите. Денот ќе ви помине во копнежно расположение, особено во случај доколку „страдате” од невозвратени чувства. Во вечерните часови ќе влезете во дискусија.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Во последно време сте неодговорни, а за сето тоа може скапо да платите. На работа ве очекува прилично комплицирана ситуација, затоа што не сте способни да се концентрирате, работите пристигнуваат или отпаѓаат, а вие не сте во состојба да се снајдете во таа гужва. Во љубовта постои можност да бидете фатени во лага.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Можеби ви се допаѓа некој од работната средина, како и да е, нема да ви биде лесно да се отворите и да го покажете интересот. Упорно ја носите маската, време е да ја извадите. Добро се аспектирани работите во кои доаѓа до израз вашата креативност.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денеска многу добро ќе комуницирате и ќе се снаоѓате во секојдневните обврски. Односите со претпоставените ќе ви бидат напнати па најдобро би било да избегнувате контакти, и ако често ќе бидете повикани. Не реагирајте на секоја провокација. Кавгите најповеќе можат да ве погодат вас. Можна е парична добивка, играјте игри на среќа.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ситуацијата на работа е одлична и пред вас е прекрасна иднина, но поради тоа вашите блиски ќе се почуствуваат запоставени. За жал тој проблем не ќе можете да го решите без компромис, но немојте да заборавите дека и другата страна треба да покаже извесна доза на толеранција. Очекувајте изненадување.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ве очекуваат некои пречки и проблеми кои многу ќе ве оптеретуваат. Бидете многу внимателни во постапувањата со имотот и засега избегнувајте важни одлуки, особено ако се поврзани со финансии. Односите со околината ќе ви бидат многу добри, но не особено блиски.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе размислувате за промена на вашата работа. Ќе сфатите дека вака повеќе не ќе можете, но не знаете што друго да правите. Мислите дека уште имате време и дека не е поволен моментот, и со тоа кој знае по кој пат го повторувате правилото дека не сте доволно способни да се носите со егзистенцијалните проблеми.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Одличен ден за започнување со нова работа, или некакво усовршување. Сите ваши напори за развивање и подобрување на вашите знаења и умеења ќе бидат успешни, а секако дека ќе ви донесат и успех. Финансиската ситуација ви е доста нестабилна, па можеби ќе бидете загрижени поради тоа.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денеска ќе реализирате доста успешни разговори со некои ваши деловни партнери. За секој случај доверете им се само на вашите блиски и оставете уште некое време сето ова да остане тајна. Внимавајте на здравјето, несоодветно се храните. Полни сте со енергија и доколку не успеете да ја трансформирате или употребите ќе бидете во голема неволја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП