4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајдобрите јапонски марки на автомобили (фото)

Најдобрите јапонски марки на автомобили (фото)

japonski naslovna

Автомобилската индустрија во Јапонија рапидно расте во 80-тите и 90-тите години од минатиот век го надминуваат САД како лидер во производството на глобално ниво со 13 милиони автомобили годишно.

Погледнете кои се најдобрите марки на автомобили од Јапонија:

10. Infiniti

japonski 10

Ова е луксузната единица на „Nissan“. Основана е во 1989-та година. Во моментов, компанијата е со седиште во Хонг Конг.

9. Lexus

japonski 9

Основана е во 1989-та година. Овој бренд е луксузната единица на „Toyota“. Достапен е во над 70 земји во светот. Компанијата е со седиште во Нагоја.

8. Acura

japonski 8

Луксузната единица на „Honda Motor Company“. Од 1986-та година се продава во САД и Канада. Логото на компанијата е претставено во 1990-та година. Тоа е стилизирана буква “A” како „Acura“, но малку наликува на буквата „H“ како „Honda“.

7. Mitsubishi

japonski 7

Компанијата е основана во 1870-та година. Првично произведувала бродови, во 1934-та година се спои со „Mitsubishi Aircraft“, компанијата која произведува мотори и други делови за авиони. Интересен е факт дека брендот имаше 30-годишен договор со Џеки Чен, кој ги користеше автомобилите во филмовите.

6. Subaru

japonski 6

Основана е во 1953-та година, а првиот автомобил е произведен во 1954-та година.

5. Mazda

japonski 5

Основана е во Хирошима во 1920-та година. Првично се нарекува „Toyo Cork Kogyo“. Почна да произведува автомобили во 1931-ва година. Името „Mazda“ доаѓа во 1984-та година.

4. Suzuki

japonski 4

Компанијата прави автомобили, мотоцикли, мотори за јахти и други видови на мали мотори со внатрешно согорување. Основана е во 1909-та година од Мици Сузуки. Моторите од брендот „Suzuki“ се меѓу најдобрите во светот. Кон 2011-та година компанијата има 45.000 вработени и 35 фабрики во 23 држави.

3. Toyota

japonski 3

Основана е во 1937-ма година од Кичиро Тојода. Произведува 5 марки: „Toyota“, „Hino“, „Lexus“, „Ranz“ и „Scion“. Кон 2013-та година има 333.498 вработени во светот и е 12-тата најголема компанија во светот според приходи. Ова е првата автомобилска компанија која има произведено над 10 милиони возила во една година.

2. Nissan

japonski 2

Името „Nissan“ доаѓа во 30-тите години од кратенката користена на берзата во Токио за Никох Сангио. Првично произведува авто делови, а автомобили започнува да прави во 1933-та година. Заедно со својот партнер „Renault“. Компанијата е 4-та најголема автомобилска компанија во светот.

1. Honda

japonski 1

Овој производител има над 190.000 вработени. Приходите за 2013-та година се во износ од 9.877 милијарди долари. „Honda“ ги прави едни од најдобрите мотори во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП