28 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 03.12.2014

Дневен хороскоп 03.12.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денешниот ден може да биде одличен за пресврт во љубовниот живот. Многу лица ќе бидат збунети од вашите постапки, па ќе треба да го објаснувате секој ваш потег и кажан збор. Лесно ќе ви биде да процените дали некој ги споделува своите вистински чувства со вас. Никој нема да може да ви се сокрие зад маска.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Се трудите да го пронајдете најлесниот начин за да решите некој правен проблем кој би можел во голема мера да ве оптовари ако не му обрнете внимание. Верувате дека можете да се договорите со некоја Водолија околу нешто што е од двоен интерес. Можна е соработка со странци. Имате подршка од некое лице кое често го среќавате на големите собири.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Настојувајте да ја подобрите моменталната ситуација. Покажувајте оптимизам и самоувереност и покрај тоа што вашите стравови постојано ви поминуваат во мислите. Обидете се секогаш да бидете отворени за комуникација, тоа може да доведе до трајни позитивни промени.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Во попладневните часови ќе решавате некои финансиски проблеми или некои професионални дилеми со колегите или семејството. Ќе добиете вести од странство во врска со работата која би требало да ви помогне да заработите поголем профит. Денес избегнувајте ги семејните кавги.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе имате недоразбирања со самите себеси. Нема да можете да одлучите што да направите. Некој од вашата околина ќе се обиде да ве мотивира, не го прекинувајте дадете му шанса да ви помогне. Недоразбирањата со семејството се ваша вина, најдете начин да се извините.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе добиете прилика да се сретнете со некој Рак во вечерните часови, можеби и со некој Лав или Јарец и со нив да ги поделите своите искуства во врска со работата во прватната компанија која на вас ви е многу драгоцена. Можна е добра вест во врска со пари. Понудата од некоја Водолија прифатете ја со резерва.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Оптеретени сте со евентуалните проблеми кои би можеле да се појават во соработката со колегите, можеби и со претпоставените. Сметате дека се многу неблагодарни за се што сте направиле за нив. Најсигурни ви се Јарецот и Девицата. Една Шкорпија се надева на вашата помош или на заедничка соработка.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Обидете се да најдете нешто од кое ќе остварувате дополнителни приходи. Побарајте помош од пријателите. Ова е неповолен момент да земете кредит од банка. Вашето здравје е нарушено, а сето тоа е поради нервозите кои ве совладуваат. Обидете се да се релаксирате, ќе најдете решение за проблемите.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Непотребно се чувствувате запоставени од страна на колегите. Ќе учествувате во неколку кавги кои максимално ќе ви го расипат расположението. Во попладневните часови можете да очекувате повеќе повици од различни лица. Ќе имате и повик од некој додворувач кој ќе ви предложи нешто поконкретно. Финансиите ви се нестабилни.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Можни се важни средби со некои лица кои се подготвени да прифатат некоја голема работа. Можно е да станува збор за соработка со некој Овен. Не се двоумете во врска со одлуката која се однесува на соработката со Вага без оглед во какви односи сте. Недоволно сте подготвени да преминете преку некои коментари на ваша сметка.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Бидете потолерантни во кавгите, особено ако станува збор за некој Рак или Овен. Денес ќе ви помогне некој Лав кој добро ве познава. Се подготвувате да ја освоите довербата од некоја Вага бидејќи очекувате да ви помогне во работата. Трудете се да бидете фер кон сите, а своите интереси ставете ги на прво место.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ги цените добрите совети од личноста која ве разбира. Некој ќе ви понуди заедничка работа и ќе бидете подготвени да се вклучите во тоа. Имате можност да се смирите со некој Рак само ако промените нешто во вашиот став кон него. Не ја пропуштајте приликата да навлезете во некоја нова и интересна работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП