3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGM oтповика преку 30 милиони возила во 2014-та година.

GM oтповика преку 30 милиони возила во 2014-та година.

General Motors

„General Motors“ соопшти дека ќе повлече 316.357 возила, првенствено на северноамериканскиот пазар. Од почетокот на годината, американскиот производител поради повеќе сериски дефекти ширум светот отповика 30.4 милиони автомобили.

Во најновиот отповик се опфатени „Buick LaCrosse“ (2006-2009), како и „SUV“ моделите „Chevrolet TrailBlazer“, „GMC Envoy“ и „Buick Rainier“ (2006-2007), потоа „Saab 9-7X“ и „Isuzu Ascender“ (2006-2008).

General Motors“ наведува дека не се во можност да потврдат дали овој технички недостаток со фаровите има предизвикано некоја незгода.

Компанијата од почетокот на 2014-та година од светскиот пазар има повлечено вкупно 30.4 милиони возила (сметајќи го и најновиот), од кои 26.85 милиони во САД.

Најголем број автомобили се повлечени поради проблемите со контакт-бравата, кој предизвикува заклчување на воланот во возење и кој во Америка има предизвикано повеќе сообраќајни незгоди што резултираа со смрт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП