Овен (21.03 – 20.04)
Не ви недостасува енергија, ви недостасува организација. И како такви, делувате хаотично и се префлате од една на друга работа. На овој начин нема да стасате никаде, најдобро е да направите некој нов систем на работа. Ќе добиете повик од некоја Водолија.
Бик (21.04 – 21.05)
Потресени те од некоја состојба во семејството, но потајно верувате дека се ќе биде во ред. На работното место во моментов можеби стагнирате но во иднина од вас ќе се очекува повеќе, а вие ќе бидете максимално подготвени да напредувате. Не размислувајте песимистички, погледене ја и другата страна.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Транзитот на Месечината и Марс делуваат поттикнувачки на креативните типови од вашиот знак. Оние кои ќе се вклучат во новите проекти ќе пронајдат одличен начин за изработка, кој ќе биде пофален од лицата на високите позиции. Имате одлични соработници, искористете ја и нивната моќ за деловно да блеснете.
Рак (22.06 – 22.07)
Денот ќе ви биде многу динамичен, исполнет со дружење, нови идеи како и обиди барем некои од нив да се реализираат. Сепак треба да ве предупредиме дека поголемите желби и планови не ќе можат да ви се исполнат иако вие многу се надевате. Некои од вас многу погрешно ќе ги проценат шансите и ќе дадат неодмерени изјави.
Лав (23.07 – 22.08)
Верувате дека ќе успеете да убедите некое блиско лице во планот и намерите кои ви се многу важни. Некој ќе ве осуди поради вашиот потег, бидејќи ќе го сфати како себичен. Можеби треба да ги преиспитате постапките. Некој Овен или Јарец ќе се појават како посредници во вашите планови за кариерата.
Девица (23.08 – 22.09)
Непријатните вести или сеќавањето на нешто што се случило одамна може да го расипе вашето расположение. Не го продлабочувајте беспотребно. Ако можете да спречите погрешен потег направете го тоа. За се друго гледајте само напред. Ќе добиете порака од некое лице кое го променило мислењето за вас.
Вага (23.09 – 22.10)
Можност за средба со личност која доаѓа од далеку. Контактите со странство се успешни и постои можност вашиот партнер или член од семејството конечно да донесе решение за заминување во странство. Во работата внесете што повеќе спортски дух и расположение. Наполнете се со позитивна енергија, доаѓаат среќни моменти.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денес вашите активности ќе бидат намалени, освен на полето на финансиите каде сеуште сте ангажирани за подобрување на материјалната состојба. Но сепак, ќе имате успешен работен ден, а тоа е така затоа што ве следи среќата. Некои сериозни одлуки ќе успеете да ги донесете на правилен начин
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денот е поволен за средби со Девица, Јарец, Рак или Шкорпија. Рибите можат да ви излезат во пресрет за нешто многу важно. Можен е неочекуван повик за состанок на кој ќе се разговара за нешто многу важно. Не ги пропуштајте шансите кога станува збор за соработка со лица кои се разбираат во големи бизниси и банкарство.
Јарец (22.12 – 20.01)
Несигурни сте во себе и прилично неспокојни поради многуте околности кои не се поволни или поради ситуацијата која малку ви излегува од контрола. Верувајте во добронамерноста на еден Лав и некој Стрелец кои ве наговараат на заедничка работа со странци. Можни се вести за важни нешта околу работата во странство.
Водолија (21.01 – 19.02)
Подобро е да не се впуштате во непотребни расправии со оние кои имаат различно мислење од вас. Многу лица ви завидуваат и не се искрени со вас. Можно е да имате проблеми со некој Лав, а сето тоа да резултира со голема нервоза. Некој ќе ви постави услови, а вие ќе мора да ги прифатите.
Риби (20.02 – 20.03)
Големите амбиции ве прават подготвени да се впуштите во некои нови работи за кои не сте размислувале. Вашата популарност нагло ќе расте, а вие со насмевка ќе ги собирате плодовите од одлично завршената работа. Излезете малку надвор од рамките на комфорот, ризикувајте и постигнете нешто повеќе.