25 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 29.11.2014

Дневен хороскоп 29.11.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денеска многу тешко ќе се сноѓате во обврските на работното место. Поради брзината или површноста можно е да направите грешки. Односите со колегите се доста проблематични. Недостасува трпеливост. Финасиската ситуација не е за пофалба.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Во врска со вашата работа ве очекува крај на некои ограничувања и почеток на успеси и задоволства. Проблемите кои сте ги имале ќе ни нема, а финансиската ситуација ви е многу поволна особено кај Биковите кои бараат подобро платена работа. Среќата е на ваша страна, максимално искористете го тоа.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Состојбата на работното место е значително поволна. Активноста и енергичноста во решавањето на проблемите ќе ви биде на високо ниво. Односите со околината ќе ви се подобрат, но сепак бидете внимателни во барањата, бидејќи сите врати не ви се отворени.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Не дозволувајте премногу да се опуштите, затоа што можете да го изгубите чувството за одговорност кон обврските. Денес малку потешко ќе ги следите настаните околу вас, што произлегува од вашата намалена концентрација. Тоа можете да го надминате ако малку посериозно пристапите кон обврските и ако не ги сфаќате работите премногу површно.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Главните размислувања денеска се поврзани со тоа како да го подобрите буџетот. Свесни сте колку се трудите, а резултати нема. Сакате некоја додатна работа, но ќе мора и да штедите. Тешко ќе се снаоѓате со парите, а тоа ќе доведе до непријатни последици. Во емотивниот живот сакате, но и ќе ви биде возвратена љубовта, тоа ќе ве направи среќни.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе ги забележувате површните и напнатите меѓучовечки односи во својата околина. Би можеле да чуете неповолна работна вест или да страдате од нервоза поради неодговорноста на претпоставената личност. Ќе ви се зголемат обврските во домот и кон семејството.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Пристрасно гледате на работите кои го окупираат вашето внимание. Пожелно би било да се посоветувате со некој за да најдете начин за подобро да функционирате. Ќе бидете загрижени поради застој во работата. Не се грижете бидејќи се работи за нормална појава. Некои од вас ќе имаат успеси во нешто многу важно.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не ќе можете да направите се што сте планирале за денешниот ден. Работите ви се натрупале, а вашето трпение е на минимум. Ви треба повеќе концентрација и ангажирање. Побарајте помош од вашите колеги

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денешниот ден за вас ќе биде релативно добар. Ќе имате добри односи со околината и ќе бидете ефикасни во она што го работите. Вашата позиција е малку нестабилна и ве предупредува на ограничувања, кои треба да ги прифатите без многу отпор. Елиминирајте ја нервозата. Можна е добивка на игрите на среќа.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Во работата ќе бидете доста успешни, од рака ќе ви одат краткотрајни работи, но избегнувајте долготрајни обврски, бидејќи пред се треба да внимавате на себе и вашето здравје. Финансиската состојба ви е одлична, можеби ќе добиете неочекувана добивка, која многу ќе ве израдува.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве очекуваат несогласувања во односите со вашиот партнер. Ќе забележите дека недостасува малку топлина и внимание од негова страна. Воздржете се од било какви директни реакции и обидете се, да ја одржите рамнотежата. Исклучително поволните прилики на работното место, ќе придонесат да ги насочите мислите кон успехот во иднина.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Во однос на работата денешниот ден ви носи успех поголем од очекуваниот, иако сте почнале да го губите трпението. Комуникативни сте, но помалку немирни и нервозни. Дали причината за тоа се парите? Преиспитајте се добро, не смеете за се да се нервирате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП