3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠkoda Fabia за на тркачка патека (фото)

Škoda Fabia за на тркачка патека (фото)

trkacka skoda

Чешкиот производител на саемот за автомобили во Есен го претстави концептот „Fabia R5“, кој ќе дебитира на авто-трките во 2015-та година.

При лансирањето на третата генерација на моделот „Fabia“, „Škoda“ соопшти дека поради малата побарувачка се откажеле од нејзината спортска „RS“ верзија.

trkacka skoda1

Сепак, компанијата има амбиција да учествува во тркачките натпреварувања, како рели првенството од серијата „WRC-2“.

„Škoda“ објави дека „Fabia R5“ под хаубата има четирицилиндарски 1.6-литарски бензинец, кој не е достапен во продукциската верзија на овој модел, со оглед дека најмоќниот сериски бензинец има 1.2-литарски „TSI“ мотор со 110 ks.

trkacka skoda2

Производителот не откри колкава е моќта на тркачкиот турбо-бензинец, но објави дека моторот е поврзан со петбрзински секвенционален менувач.

Според правилата на „FIA“, минималната тежина на оваа категорија на тркачки автомобили изнесува 1.230 kg.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП