Овен (21.03 – 20.04)
Голема е веројатноста денес одредена личност да се обиде да ја искористи вашата љубезност, а тоа вас ужасно ќе ве изнервира. Убавата вест е што ќе и се спротивставите и ќе победите. Емотивно сте задоволни, а тоа ќе ви помогне да решите професионален проблем.
Бик (21.04 – 21.05)
Нагласена е интуицијата. Таа ви помага побрзо и полесно да комуницирате со луѓето. Дајте им го она што сакаат да го слушнат. Уживајте во ситните работи што ве прават среќни. Разумноста и приземноста ќе помогнат да се вратите во вистинскиот колосек.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе бидете несигурни во работата која ја работите особено во средување на некои документи. Очекувајте успех од личност од вашето семејство што за вас ќе биде голема радост. Ве очекуваат парични проблеми исплатите кои ги очекувате ќе бидат помали, па не е исклучена можноста да се обратите некому за позајмица.
Рак (22.06 – 22.07)
Односите со околната многу ве загрижуваат. Избегнувајте кавги бидејќи противниците ќе бидат во предност. Не ви се добро аспектирани ниту пошироките комуникации, што значи дека треба да избегнувате поголеми друштва, состаноци и собири. Во љубовниот живот исто така ќе биде зголемена напнатоста и ќе се појави криза која би можела да има трајни последици.
Лав (23.07 – 22.08)
Некои од вас ќе се соочат со сериозни професинални дилеми и ќе им биде потребна голема мудрост за да го повлечете правилниот конец. Сите претставници на овој знак ќе мора да обрнат повеќе внимание на здравјето, бидејќи се можни проблеми.
Девица (23.08 – 22.09)
Можеби денеска ќе ви се укаже прилика за патување, која не треба да ја пропуштите. Прифатете ги сите деловни понуди кои потекнуваат од странство. Успех им престои и на оние претставници чија работа се состои од патување.
Вага (23.09 – 22.10)
Голем е притисокот за да можете да успете. Околината е помалку критички расположена спрема вас и спрема вашата работа и поставува прашања колку сте способни и вредни. Невработените ќе почуствуваат потреба за докажувње. Вашата материјална состојба е несигурна и подлежна на влијанија од страна и не можете да правите подолгорочни договори.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ден исполнет со незадоволство. Луѓето кои ќе ве опкружуваат ќе ве нервираат и навредуваат но најверојатно без лоши намери. Ќе бидете многу чуствителни и сите преговори упатени на ваша страна пресериозно ќе ги сваќате. Најпаметно во оваа ситуација е да ги избегнувате контактите.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денеска ќе се занимавате со решавање на финансиската ситуација и тоа преку некое наследство, осигурување спонзорства и сл. ако склопувате договори или се занимавате со некој семеен бизнис завртете ја користа кон вас. Моменталните случувања ќе ви ги обноват вашите внатрешни залихи на енергија и самодоверба.
Јарец (22.12 – 20.01)
Морате да го намалите бројот на обврски и да се концентрирате на тоа што е најважно. Ви недостасува енергија и ве очекуваат потешкотии, намалена концентрација и замор. Емоционално сте напнати, а постои можност и од поголеми недоразбирања во семејството.
Водолија (21.01 – 19.02)
Нагласена е важноста на комуникацијата, кратките патувања, како и вашите моќи за набљудување, кои денес ќе бидат на високо ниво. Тоа ќе ви помогне во остварувањето на амбициите и координирање со другите и нивните потреби. За разубавување на вечерта изберете добро друштво.
Риби (20.02 – 20.03)
Ќе бидете концентрирани на финансиската страна на вашето работење. Несокојдневните шанси ви се зголемуваат, а истовремено и заработката и проширувањето на работното поле. Можеби ќе имате и некои неочекувани понуди и ќе одлучувате за нешто.