Овен (21.03 – 20.04)
Нагласена е потребата да ги изразите вашите ставови во друштво на некој за кој сте уверени дека може да ве разбере и веројатно ќе имате прилика да го направите тоа. Ќе успеете лесно да се адаптирате на некои нови услови. Многумина ќе сакаат да бидат во ваше друштво.
Бик (21.04 – 21.05)
Очекувате да добиете повик од еден Јарец или Риба. Некој Лав ќе очекува да му помогнете во врска со нешто што за вас е важно. Имате можност да се вклучите во голем проект. Верувате дека ќе ви се јави некоj колега со кој некогаш одлично сте соработувале.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Можни се интересни деловни понуди на кои нема да останете рамнодушни. Не сте подготвени преку ноќ да донесете одлука но сепак од вас ќе очекуваат брзо да реагирате, а тоа не ви одговара. Подготвени сте да се откажете од комфорот или досегашниот стил на живот за да напредувате. Се трудите да најдете начин да убедите некој Јарец да ги прифати вашите понуди и совети.
Рак (22.06 – 22.07)
Обидете се да бидете малку поприлагодливи и да се адаптирате на некои нови околности. Интуицијата ќе ви помогне во тоа. Ќе бидете подготвени да се впуштите во некои нови нешта кои кај вас будат интерес. Не реагирајте пречувствително на нечии критики, особено не на критиките од некој Овен.
Лав (23.07 – 22.08)
Вие сте во дилема кога станува збор за некој Јарец кој во последно време го променил ставот кон вас. Многу сте заинтересирани за работата која можно е да ве однесе во странство. Не би требало премногу да се надевате на соработката со Шкорпија, таа неколку пати ви дала до знаење дека не и се допаѓа вашиот став и начинот на работа.
Девица (23.08 – 22.09)
Многу сте заинтересирани за можноста да ја продолжите работата поврзана со уметноста. На некој му е многу важно да се смири со вас, дадете му уште една шанса. Ќе добиете можност да влезете во некој нов бизнис со странци, а посредник во таа работа ќе биде некој Бик или Јарец.
Вага (23.09 – 22.10)
Денот ви носи можност за проширување на соработката со еден Рак или Бик. Можно е да добиете понуда да бидете лидер во проектот. Имате голема подршка од лицето кое добро ве познава и кое е подготвено во секој момент да ви помогне. Сакате да промените нешто во вашиот живот но наглите и големи чекори ве заплашуваат.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ако сте имале некој проблем во последниот месец, денес е денот за решавањето на тој проблем. Не се нервирајте премногу за некои нешта кои не се завршени навремено. Ако сте биле конфузни или не сте имале задоволителна заработка, сега е моментот да направите пресврт на подобро или барем да бидете практични во своите планови.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Трудете се да бидете фер и кон оние кои не се комплетно искрени со вас, бидејќи секој си има свои причини. Не ги напаѓајте оние кои не сакаат да ви ги кажат сите свои тајни. Ќе склучите одличен договор со колегите за понатамошно извршување на работата. Некој ќе ви понуди негова помош со што јасно ќе ви покаже дека можете да сметате на него.
Јарец (22.12 – 20.01)
Овој ден ве прави популарни и подготвени да се вклучите во некои големи проекти. Многу работи ќе ви се остварат, без да вложувате максимални напори и без нервози. Ова е среќен ден кој можете да го поминете со семејството и пријателите славејќи за големите успеси.
Водолија (21.01 – 19.02)
Не би требало премногу да се оптеретувате со било какви критики од страна на некој Јарец, тој знае на колку тежок начин стигнавте до ова ниво и само се обидува да ве подготви за понатамошните настани. Не се двоумете помеѓу две опции, побарајте совет од некоја Вага. Конечно ќе најдете време за пријателите и семејствто кои во последно време ги запоставивте.
Риби (20.02 – 20.03)
Бидете подготвени поактивно да се вклучите во некоја работа од која очекувате поголеми приходи и поголеми шанси за успех. Можна е вест за пари од некој кој добро го познавате и кој ви должи пари. Излезот од проблемите е во подготвеноста да се соочите со сите критики и коментари и да постапите на соодветен начин. Денот не е поволен за трошење на пари.