7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSuzuki: Шест нови модели до 2017-та година

Suzuki: Шест нови модели до 2017-та година

suz vit 235

Јапонскиот производител најави дека заклучно со 2017-та година на купувачите ќе им понуди шест нови и освежени модели, меѓу кои се „Celerio“ и новата „Vitara“, кои веќе имаа светска премиера.

На пазарот во 2015-та ќе се најде малиот градски автомобил „Celerio“, кој беше претставен на европската публика во Женева, а истата година во продажните салони ќе пристигне и „Vitara“, која имаше светска премиера на саемот во Париз, на почетокот на октомври.

По нив, „Suzuki“ ќе претстави нов хечбек, кој според димензиите ќе биде малку поголем од „Swift“, за да се добие поголем багажник, но и повеќе место за патниците на задните седишта.

Целта е автомобилот да биде полесен и до 90 kg во однос на актуелниот „Swift“, a премиерата на овој модел е планирана за 2015-та, додека продажбата ќе започне во 2016-та година.

„Suzuki“ работи и на уште еден мал градски автомобил, кој ќе има попривлечен дизајн од моделот „Celerio“. Се претпоставува дека компанијата сака да ги привлече младите купувачи, со оглед дека „Celerio“ нема да биде премногу интересен на оваа целна група на купувачи.

Новиот модел ќе биде претставен на публиката на саемот во Франкфурт во септември 2015-та, а во продажба исто така ќе се најде во 2016-та.

„Suzuki“ најверојатно нема да се откаже од моделот „Swift“, чија следна генерација би требало да се појави во 2017-та година.

Деталите за шестиот модел засега не се познати, а се верува дека станува збор за наследник на малиот теренец „Jimny“. „Suzuki“ претходно соопшти дека нова „Grand Vitara“ засега не е во план.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП