Рускиот нафтен гигант „Rosneft“ го намали производството на нафта, а како причина го наведоа континуираниот пад на цената на ова гориво.
Во соопштението на „Rosneft“ се наведува дека компанијата го намалила дневното производство за 25.000 барели поради пазарните услови, и додаваат дека ваквото намалување не помогна за подигнување на цената на нафтата на светските пазари на суровина.
Најновото соопштение „Rosneft“ доаѓа по состанокот на извршниот директор на компанијата Игор Сечин во Виена со претставници од Мексико и со челновите на Организацијата на земјите извозници на нафта (OPEK), Саудиска Арабија и Венецуела, што е само вовед во клучниот состанок на „OPEK“ кој ќе се оддржи утре.
Терминските цени на нафтата денеска се различни, покрај шпекулациите дека „OPEK“ на состанокот оваа недела ќе го задржи актуелното ниво на производство и покрај прекумерните глобални резерви.
Барел американска „лесна“ нафта (WTI) зa испорака во јануари поефтини на берзата во Њујорк за два центи или на 74,07 долари, додека барел на северноморска нафта од типот „брент“ за јануарската испорака на пазарот во Лондон поскапе за девет центи или на 78,42 долари.
Цените на нафта од јуни забележаа пад за 30 проценти, како последица на големите резерви, силниот долар и загриженоста околу падот на побарувачката на енергенти во светската економија.