Овен (21.03 – 20.04)
Денот е погоден за разни видови на договори со водените и земјените знаци, ќе ве привлекува мислата дека би можеле да остварите добра соработка со некој Лав или Стрелец. Не ја пропуштајте добрата прилика која ви се укажува во врска со работата со странци.
Бик (21.04 – 21.05)
Одличниот аспект меѓу Венера и Уран не се рефлектира на вас најдобро, особено не ако често имате впечаток дека неправедно сте критикувани или дека сте предмет на завера. Ќе бидете склони на претерување во се што ќе се случува. Сепак, постои начин да ги поправите грешките.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Меркур со влијание на Шкорпија ви носи многу различни можности на деловен план, особено ако се подготвувате за некој поголем проект, или ако работите во медиумите. Една Девица, Овен и Стрелец ќе ве подржат во сите постапки.
Рак (22.06 – 22.07)
Се обидувате да ги решите проблемите на фин начин но тоа не ви оди од рака, мора да покажете авторитет и дека ви е многу важно другите да ве слушаат што зборувате. Очекувате да бидете подржани од Девица или Шкорпија додека Јарецот е ваш моментален најголем противник.
Лав (23.07 – 22.08)
Поволен ден ако се занимавате со работа преку која доаѓате во контакт со многу луѓе, ако се занимавате со спорт или уметност денес ќе забележите одлични резултати. Обидете се да бидете оптимисти дури и во ситуациите кои не се така сјајни.
Девица (23.08 – 22.09)
Верувате дека со добра организација ќе постигнете повеќе работи. Сакате да бидете центи, но и на другите да им помогнете да ја поправат својата репутација. Многу лица ќе ве прашаат за мислење и можно е да добиете повик за некој многу интересен и нов проект кој финансиски ќе ве издигне.
Вага (23.09 – 22.10)
Одличен ден за оние кои сакаат да се докажат во работата која бара креативност и подготвеност во секој поглед, како и големо жртвување. Одлично ќе ви оди комуникацијата со непознати лица или со лицата од маркетинг секторот. Верувате во добар исход на работите кои во моментов ви изгледаат прилично напорни и веројатно имате впечаток дека вие сте главното и одговорно лице.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Родените на крајот на знакот ќе очекуваат да им се јави некој со кој некогаш добро соработувале. Еден Јарец се обидува да ви наметне некаков начин или да ве убеди дека треба да му дадете уште една шанса кога станува збор за извршувањето на проектите. Имате многу идеи во врска со работата со странци.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Се трудите да најдете најдобар начин како да се договорите со еден Лав или некој Овен во врска со некоја нова работа. Ако сте присутни во јавноста многу од вас ќе се обидат уште повеќе да научат за работата. Ќе ви биде особено важно сите да го имаат вашето мислење.
Јарец (22.12 – 20.01)
Верувате дека некоја Девица или Близнаци ќе ви овозможат нова шанса да напредувате во работата во која немате големо искуство. Ќе ви биде потребно трпение за да ги издржите сите коментари кои денес ќе бидат упатени до вас. Не се откажувајте од зацртаните цели.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денот ви носи многу нови можности кога станува збор за сериозните деловни разговори. Верувате дека некој ќе ви помогне да ги остварите вашите планови. Семејните проблеми оставете ги настрана. Некој кој ве разочарал ќе побара совет од вас, а вие нема да бидете подготвени да му го дадете.
Риби (20.02 – 20.03)
Верувате дека некој Јарец или некој Рак ќе ви помогнат да ги решите вашите проблеми. Имате начин како да се договорите со колегите околу организацијата на работата. Се трудите да пронајдете дополнителна работа за да ги зајакнете приходите. Ако сте млади, во тоа ќе ви помогне една Шкорпија.