Овен (21.03 – 20.04)
Месечината во текот на денот влегува во знакот на Јарец а вие добивате идеја како да се снајдете во новата работа за која ви е потребно големо искуство. Ќе добиете поволни вести во врска со нешто што ви е многу важно. Можно е да станува збор за работа со лица на висока позиција. Не се откажувајте од вашите планови.
Бик (21.04 – 21.05)
Влегувате во нова фаза во работењето со лицата на некоја висока позиција. Верувате дека можете да убедите некој кој ви е многу важен дека треба да ве послуша за некое важно прашање, а се однесува на новите проекти кои допрва ќе дојдат. Не се нервирајте ако некој Лав ве иритира со неговите коментари.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Денот е одличен за планирање на нови работи заедно со Јарец или Рак. Поради нешто сте загрижени, а не дозволувате на никого да ви ја наметне својата идеја без оглед за што се работи. Дури и ако имате некои проблеми, премногу се оптеретувате со нив. Имате начин како да се договорите со Рибите околу некое важно прашање.
Рак (22.06 – 22.07)
Напнатите односи во домот или приватната фирма се резултат на вашата неорганизираност. Тврдоглавоста ве прави непријатни за разговор а со тоа правите и погрешни потези. Тоа може лошо да се одрази на односот со домашните но и со колегите, особено ако носите голема одговорност.
Лав (23.07 – 22.08)
Се чувствувате способни да се изборите за своето место под сонцето и за се што ви е важно. Не сте свесни дека можете да постигнете повеќе од тоа што го планирате. Потребно е да побарате совет од Јарец, Шкорпија или Рак. Влегувате во нов период во кој ви е потребна мотивација и трпение, особено во работата со земјените знаци.
Девица (23.08 – 22.09)
Имате можност за пронаоѓање на решение за проблемот само треба да бидете смирени. Не влегувајте во некакви непотребни расправии, особено не со блиските соработници. Најверојатно ќе ви се јави некој за кого мислите дека сака нешто повеќе од деловни односи. Средбата со лица од странство ќе ве воодушеви.
Вага (23.09 – 22.10)
Се наоѓате во период кога на прво место ви е добрата соработка со странците особено со долгогодишните соработници. Немате желба да се видите со оние кои упорно настојуваат да се видат со вас. Сакате да работите само со оние во кои имате голема доверба.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Не сте ни свесни дека можете да имате конфликт со претпоставените. Уверени сте дека можете да се изборите со моменталните проблеми но тие се многу поголеми отколку што претпоставувате. Бидете доследни, без оглед за што се работи. Избегнете ги паралелните врски, тоа може скапо да ве чини. Сакате да се консултирате со некој Бик за понатамошната работа.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Не сте свесни дека веднаш треба да направите нешто конструктивно во врска со вашата кариера. Би требало да повикате некој Бик со кој порано сте соработувале и кој за вас е многу симпатичен, со цел да ја продолжите соработката која ќе ви донесе материјална сатисфакција. Врските со новите соработници се лабави.
Јарец (22.12 – 20.01)
Бидете подготвени да се прилагодите на некои нови околности кои не ви одговараат, особено не затоа што имате многу нерасчистени односи со колегите. Не се нервирајте поради тоа што го немате, туку уживајте во она што го имате. Ќе добиете понуда од некој Лав во врска со заедничка работа. Ќе добиете прилика да се смирите со Рибите.
Водолија (21.01 – 19.02)
Се обидувате да не се нервирате поради муабетите кои за вас ги шири некоја жена во која досега сте имале голема доверба. Можеби со малку тактичност ќе успеете да ја поправите ситуацијата. Обидете се со мал хумор да поправите некои работи. Ви претстои проблематичен период кога станува збор за кариерата.
Риби (20.02 – 20.03)
Влезот на Месечината во знакот на Јарец во текот на денот ви носи добри можности на социјален план. Верувате дека ќе бидете во состојба да ги уверите оние кои се сомневаат во вас. Имате добра соработка со некој Рак, Шкорпија или некоја друга Девица. Обидете се да се прилагодите на новите услови за работа, но и на новите услови во домот.