Овен (21.03 – 20.04)
Работете ја работата посериозно и целосно. Површното работење може негативно да делува врз вашата работа, а особено врз финансискиот дел. Поради новонастанатата ситуација на работното место ќе морате некои работи да ги менувате од корен. Не донесувајте битни одлуки на брзина. Некоја личност од порано која ви должела ќе ви возврати со услуга.
Бик (21.04 – 21.05)
Нагласена е важноста на комуникацијата, кратките патувања, како и вашите моќи за набљудување, кои денес ќе бидат на високо ниво. Тоа ќе ви помогне во остварувањето на амбициите и координирање со другите и нивните потреби. За разубавување на вечерта изберете добро друштво.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Кога ги договарате работите, однапред утврдете ја цената. Во спротивно, ќе ви се случи да ја завршите работата, да ја испорачате, а дури отпосле ќе сфатите дека цената која ја нуди клиентот за вашата работа е целосно неприфатлива. На љубовен план станувате се поромантични и заљубени.
Рак (22.06 – 22.07)
Имате јасна претстава за сериозноста на идните случувања. Сонувате и се занесувате, а не сте свесни за можните компликации. Бидете внимателни кога се во прашање финансиските трансакции но и потпишувањето договори. Постојано сте конфузни, смирете се. Разговорот со вашите соработници ќе ве врати назад на патеките на успехот.
Лав (23.07 – 22.08)
Не сакате да зборувате за вашиот фамилијарен живот со никого, иако многу работи ве мачат. Близнаците ви даваат на знаење дека ги нервира вашата амбиција, а на вас ви се чини дека за многу прашања не сте ни прашани. Треба да бидете помалку чувствителни на критика. Можна е љубоморна сцена со вашиот партнер или несогласувања со соработниците и тоа со силна причина. Не му одолевајте на искушението да влезете во некоја нова работа од која очекувате добра заработка.
Девица (23.08 – 22.09)
Денешниот ден може да биде стресен ако не сте подготвени да се прилагодите на условите кои ви ги поставуваат Близнаците, Овенот или Девицата. Сепак, можете да очекувате дека добро ќе поминете дури и на работа, особено ако се занимавате со уметност и уживате во својата работа. Подготвени сте да се соочите со помалите проблеми од финансиската природа на начин на кој претходно не сте биле подготвени.
Вага (23.09 – 22.10)
Имајте трпение и доверба во себе и во вашиот партнер. Работите кои се случуваат се малку поголема промена во животот, но сепак тие нешта ве водат кон подобра ситуација, како од финансиски аспект, така и од приватен аспект. Дадете му ја вашата подршка на партнерот бидејќи тоа му е неопходно. Претстои период во кој финансиски ќе зајакнете.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
На работното место ќе одговорите на сите зададени задачи и ќе уживате во пофалбите од колегите. Брзо напредувате, затоа не плашете се и трудете се максимално. Ви претстои многу поволен период во кој ќе бидете подготвени да направите некои посмели чекори. Иако периодот ви е исполнет со многу обврски, сепак ќе најдете време и за уживање.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе имате многу енергија и ќе знаете самите животот да си го направите поинтересен. Добро ви се аспектирани долготрјаните работи како и работите поврзани со недвижнини, па затоа би требало да им посветите повеќе внимание. Емотивно сте стабилни и со одлично здравје. Излезете со пријателите, забавувајте се и пронајдете ја среќата во малите нешта.
Јарец (22.12 – 20.01)
Можеби денеска ќе ви се укаже прилика за патување, која не треба да ја пропуштите. Прифатете ги сите деловни понуди кои потекнуваат од странство. Успех им престои и на оние претставници чија работа се состои од патување. Лицата кои ви должат некои пари, ќе се појават да ви ги вратат.
Водолија (21.01 – 19.02)
Емоционалниот живот ви е пријатен и хармоничен. Ќе имате многу добар контакт и одлично ќе се разбирате со партнерот. Можеби ќе се појави некој проблем на работното место, но сепак вие нема да го сфатите толку сериозно. Некоја личност која во минатото не била праведна кон вас, ќе побара средба и можност за нови почетоци.
Риби (20.02 – 20.03)
Денов ќе го посветите на правење планови во врска со работата. Неформалните разговори со соработниците можат да ви помогнат да научите нешто ново што би можеле да го искористите за напредување во кариерата. Покрај тоа денов е погоден и за откривање на идеи кои ги имате толку многу што би било добро да се ослободите бареме од еден дел од нив.